Конкретниот модел тежи 41 тон и има 12,7-сантиметарска цевка, не е толку нов, ама не е ни прастар (влегува во производство во 1971-ва). Моментално во Русија во служба се 5.000 вакви тенкови, и е во служба на фронтот во Украина.
Снабудвачи се армиите на Чешка, Словачка, Унгарија и Полска, кои се уште треба да ги расчистат резервите од времето на комунизмот, а набавката се врши преку (легални) дилери на воена опрема, за текстов Вајрд разговараат со Мортар Инвестментс, кои ја испорачуваат нарачката до која било точка во светот. Испораката од Европа до САД чини 20.000 долари.
Дилерите најчесто се сместени во Чешка, а на времето освен тенкови успеале да направат залиха од: воени хеликоптери, авиони ловци, амфибиски борбени возила, бојни возила, ракетни камиони и слична воена механизација.
Освен Т-72, на располагање ги имаат и постарите Т-55 и Т-64, а и поновиот модел Т-80. Со грижа на корисници на завидно ниво, понудата и цената на тенковите опфаќа и поправка на секој клучен дефект што го има тенкот на денот на купувањето (масло, црева, гумички, хидраулика). Надворешното средување на тенкот, за да изгледа како од фабрика, ќе фати уште околу 30.000 долари.
Нарачката започнува со депозит од 30% и два месеци чекање додека чешките власти ја обработат документацијата.
Процедурата за внесување на руски тенк во САД, има 3 чекори:
1. Дозвола за увоз на оружје, плус меѓународен сертификат за увоз (сето ова од американски власти).
2. Пред да го добиеш тенкот од него ќе ги исечат сите автомати и ќе направат дупка во топовската цевка. Плус од него треба да се отстранат сите остатоци од почва од земјата од каде што доаѓа.
3. Испораката од Мортар чини 15.000 долари на Источниот брег, 20.000 долари до Хјустон, и 25.000 долари до Западниот Брег. Ќе биде испорачан до најблиското пристаниште, од каде ти треба да го преземеш со која сакаш транспортна компанија.