Откако ќе бидат примени во тренинг програмата, апликантите минуваат околу 2 години во учење за нивната позиција (во текстот се прави споредба со САД каде обуката во просек трае по 3 месеци).
Едно од објаснувањата за траењето на обуката е што во Германија има далеку помал број на затвореници (76 на 100.000, наспроти 700 на 100.000 во САД) и затворските казни ретко кога траат подолго од 15 години, што им дозволува да минат подолго време на подготовка на идните вработени.
Во првата година од обуката, освен самоодбрана и основи на ефикасно комуницирање со затворениците, кандидатите изучуваат и кривично право и образовна теорија.
За време на посетата во Валдек затворот, авторот на Маршал проектот присуствува и на испит на еден кандидат (го пројде, ама не блескаше). Една од работите што ги забележува е што за време на тестот, чуварот на затвореникот му се обраќа со "господин Милер" а не со "прекршител Милер". Покрај ова, според авторот, најважното нешто што САД треба да го научи од Германците е како да ги натера граѓаните да ја почитуваат и вреднуваат улогата што затворските чувари ја имаат во општеството.