Пред неколку години во затворите во Европа и Северна Америка започнал необичен тренд - затворските ќелии почнале да се фарбаат во розово. Ова станало толку вообичаено што во 2014 еден од пет затвори и полициски станици во Швајцарија имале најмалку една ќелија во „фламинго“ розе. Зошто?
Во срцето на Русија, во шума со површина поголема од Германија, каде што зимските температури паѓаат до -40, на седум часа возење од најблискиот град, затворени се 260 мажи. Сите до еден за убиство.
Еден од култните затвори во САД за кој пееше Џони Кеш, во кој филм снимаше Вуди Ален и во кој лежел Чарлс Менсон и убиецот на Кенеди ги организира најинтересните тениски мечеви меѓу затворениците. „Овде тешко и Надал да победи“, вели еден од осудениците.
Минатата година Холанѓаните започнаа со проект за терминирање на 19 затвори низ земјата. Годинава увидоа дека направиле грешка во бројката, била за 5 затвори помала од потребната, па ја надополнија листата.
Годинава околу 300 луѓе ќе се пријават за работа како чувари во казненопоправни установи во еден затвор во земјата. Од нив само 30 ќе бидат примени во тренинг програмата. Само за да минеш квалификации треба да имаш коефициент на интелигенција над 100.
Шефот на некогашната тајна полиција на Пиноче доби затворска казна од 15 години. Ајде, ајде, се издржува тоа, ќе рече човек. Ако не знае дека истиот веќе служи затворска казна од 490 години.
Работата е што на сите овие деца тв шоуто воопшто не им е ново и непознато, тоа се емитува со години и концептот е секогаш ист - те носат во затвор и закоравени криминалци ти се дерат се додека не зажалиш за секоја можна одлука во животот што те донела до таму. Работата е што ништо од ова што го знаеш не ти помага да не уцвикаш.
Извадок од фински документарец на тема нордиски затвори. Во него управник на Атика затворот од Њујорк (да, тој од филмот) оди во посета на 4 нордиски затвори. Клипов е од затвор Норвешка. Одамна не сте виделе вака вчудовиден човек во години. И вие ќе бидете исти.
Несудениот македонски златен спонзор Субрата Рој сака да излезе од затвор ама за тоа му треба секретарка, канцеларија, опрема за видео конференции и уште пар неопходни деловни алатки (фикус?). И, судот најверојатно ќе му го дозволи тоа.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата на египетскиот фудбал, поранешниот член на Борусија Дортмунд и соиграч на Новески од Мајнц, Мохамед Зидан е осуден на затворска казна од шест години.
Заради се помалиот број на затвореници, предизвикан од претерано успешната програма за рехабилитација и потолерантните казни за одредени прекршоци, Шведска мораше да затвори еден дом за малолетници и четири затвори.
Замислете земја во која затворите се приватни компании што вадат профит од максимална пополнетост на капацитетите. А даночните обврзници плаќаат пенали ако државата дозволи стапката на криминалот да опадне. Е па, Америка.
Баш убаво од затворските власти од Тексас што решиле да одвојат 750.000 долари за на свињите во затворските фарми да им биде ладничко. Само што, во меѓувреме затвореници им умираат од жештини по ќелиите.
НФЛ играчот Чад Џонсон доби казна затвор во траење од 30 дена затоа што во судница го плесна својот адвокат по газ, а со тоа си го заработи и нашето признание за офсајд лик на неделата.
Шест навивачи на италијанскиот нисколигаш Про Патрија добија затворски казни за расистичките навреди на фудбалерите на Милан на пријателскиот натпревар во јануари.
Јордан Лечков, познатиот бугарски ќелавко кој се прослави на Светското првенство во САД во 1994-та година, е осуден на казна затвор во траење од две години.
Филмот следи група актери кои ја подготвуваат шекспировата „Јулие Цезар" . Навидум ништо посебно, додека не сфатите дека не се работи ниту за вистински актери, ниту за филмско студио.
Поправна мерка од типот "види што те чека." Млади деликвенти со по неколку прекршоци ги носат во затвор за да се запознаат со своите потенцијални цимери, па сами нека решат што и како.
За Ред Хот значи едно, за Дејвид Духовни друго а за буџетот на оваа сојузна американска држава, калифорникацијата е нешто сосема трето. На пример, дека државата дава повеќе пари за затвори отколку за високо образование.
Кога чувме за тоа дека во Бразил била воспоставена програма според која за секоја прочитана книга затвореникот може да добие наградно скратување на казната, помисливме дека идејата е супер. Но воопшто не се сетивме и на обратната можност - да лежиш апс наместо да читаш. За среќа има кому му текнува..
Во Црна Гора направија рација на затворот во Подгорица, откако еден затвореник објави свои фотографии на Фејсбук. Во Србија, објавија ценовник колку чини логирање на Фејсбук. Користењето на Форсквер, во овие услови изгледа глупаво.