Офсајд лик на неделата: Чак Џонсон

НФЛ играчот Чад Џонсон доби казна затвор во траење од 30 дена затоа што во судница го плесна својот адвокат по газ, а со тоа си го заработи и нашето признание за офсајд лик на неделата.

Поранешнит член на Мајами Долфинс, Њу Ингланд Патриотс и Синсинати Бенгалс од НФЛ лигата, Чад Очосинко Џонсон се појави пред судот заради кршење на одредбите за условната казна која ја имаше заработено по семејното насилство.

Тој ја призна вината и во моментот кога судијката беше решена да му прогледа низ прсти најмногу заради добро сработената задача од страна на адвокатот, Џонсон го плесна својот адвокат по задникот што предизвика смеа кај присутните во судницата.

Овој потег не беше смешен за судијката која оцени дека Џонсон не го сфаќа сериозно судот и договорот кој тие го посигнале. Таа реши да му ја поништи условната казна и да го испрати во затвор каде ќе помине 30 дена, а потоа два пати неделно ќе посетува советник и ќе одработи 25 часа општествена работа.

 

Чад Очосинко Џонсон - офсајд лик на неделата:

11 јуни 2013 - 09:53