Последица од немањето криминал и тоа што ќелиите зјаат празни, е што ќе бидат затворени 5 затвори, што ќе значи дека 1.900 вработени ќе останат без работа, а на 700 ќе им бидат дадени мобилни позиции.
Холандија бележи пад на криминалот од 0,9% годишно, што во следните 5 години треба да значи 3.000 празни затворски ќелии и 300 места во детските поправни домови.
Холандскиот министер за безбедност и правда, Ван дер Стеур, во своето образложение наведува дека во последно време и судиите даваат пократки казни, заради што се намалува просекот на затворскиот стаж на криминалците. Во исто време се намалил и бројот на посериозни кривични дела.
Лани кога најави дека 19 затвори им се загубари и заради тоа ќе мора да бидат затворени, власта вети дека тоа е конечна бројка. Опозицијата го прогласи затворањето на дополнителните 5 за "скандал" и дека владата од неспособност ги прекршува претходните ветувања: "Ако кабинетот работеше навистина напорно на фаќање криминалци, немаше да го имаме проблемот со празни ќелии."
Минатата година Холанѓаните почнаа да покриваат дел од трошоците за работа на празните затвори со увоз на затвореници од други земји. Првата транша беа 240 норвешки затвореници, кои ќе бидат на привремен престој во Холандија во следните 3 години.