Расистичките навреди кои предизвикаа прекин на пријателскиот натпревар помеѓу Милан и четвртолигашот Про Патрија доби свој епилог.
Јавниот обвинител побара затворски казни од четири до шест месеци, но шест навивачи ќе поминат помеѓу 40 денови и два месеци во затвор расистичките навреди по кои Кевин Принс Боатенг реши да го напушти теренот во 25-та минута.
Освен Боатенг, цел на расистичките навреди беа и Нианг и Мунтари. Боатенг и Нианг дадоа свои искази за време на судењето, а Мунтари не сакаше да сведочи доби казна од 500 евра.