Тенисот во еден од најопасните затвори во САД

Еден од култните затвори во САД за кој пееше Џони Кеш, во кој филм снимаше Вуди Ален и во кој лежел Чарлс Менсон и убиецот на Кенеди ги организира најинтересните тениски мечеви меѓу затворениците. „Овде тешко и Надал да победи“, вели еден од осудениците.

Сен Квентин или SQ е машки затвор кој се наоѓа во калифорнискиот округ Марин на северот од заливот на Сан Франциско. Основан во 1852. година, затворот опфаќа површина од неколку квадратни километри, има сопствен поштенски број и во моментов таму лежат околу 3.000 затвореници од кои секој четврти е осуден на доживотна затворска казна.
 
Во Сен Квентин меѓу другите лежат сериски убијци, силувачи, расистички насилници, крадци. Во таков метеж, судот пред десет години одбил да прима нови затвореници, затоа што бил „застарен, валкан и со премалку лица кои се во состојба да пружат соодветна нега“.
 
„Смртното“ (поради доживотни казни) затворско крило се смета за најопасно на западната хемисфера, а во ’90-те години во него имало погубувања во гасната комора - метод кој бил сметан за нехуман и морал да престане. Секој кој доаѓа во посета, потпишува одговорност дека во случај на нереди и киднапирање властите не се должни да го ослободат затвореникот за негово ослободување.
 
И покрај тоа, Сен Квентин нема канибалска репутација како Сабанета во Венецуела или бразилскиот пекол Карандира кои се на врвот на најопасните затвори на светот. Сен-Квентин може да се пофали и со високо место во поп-културата, затоа што е испеан исто колку и Алкатраз кој не е многу оддалечен од него.
 
Во Сент Квентин во различни временски периоди лежеле Чарлс Менсон, најпознатиот американски убиец, како и убиецот на Роберт Кенеди, Сирхан Сирхан (пред две години бил вратен во Сан Диего). Во овој затвор Металика го снимала спотот за St. Anger, Вуди Ален снимал сцени од култниот филм „Земи пари и бегај", а легендата Џони Кеш таму два пати настапувл во живо и ја испеал песната Сен Квентин.
 
 
Некои долгогодишни затвореници го опеале затворот како „бисер меѓу затворите" со поглед на Голден Стејт Бриџ и силуетата на Сан Франциско. Затвореници со помали казни во САД често бараат да бидат префрлени во овој фамозен затвор од неколку причини. Постојат неколку многу поинтересни работи од самото значење на местото. Затворениците тука имаат широк спектар на програми за рехабилитација.

Сен Квентин е единствениот затвор во Калифорнија каде може да се стекнете со високо образование (не само средно школо како во Шоушенк). Има дипломирани студенти на Баркли и Стенфорд кои издржуваат затворски казни.

Затворот има свои весници, па дури и драмски секции, а најразвиен е секако спортскиот простор.

Бејзбол во Сен Квентин почнал да се игра уште во раните '20-ти години, а затворскиот комплекс минатиот век бил опремен со голем терен, патеки, кошаркарски и фудбалски терен. Во моментов најразвиен е тенисот. На иницијатива на директорот на одделот за рекреација Дон ДеНеви и собраните донации од американската тениска федерација, затворот добил и тениски терени.

До тениската секција може да стигнат само затворениците кои стигнале до четвртото ниво со добро поведение. За да се избегнат непотребни тензии меѓу играчите не постои рејтинг, а голем број од затворениците никогаш не се занимавал со спортот за богатите бели луѓе.

60-годишниот Рафаел Келикс, лидер меѓу тенисерите во затворот во младоста ги гледал во живо Артур Еш и Џими Конорс, којшто играл на Универзитетот во Лос Анџелес, на почетокот во затворот се однесувал арогантно.

30 години по студирањето во ЛА, Келикс е капитен на затворската тениска екипа Инсајдерс кои најчесто играат против Аутсајдерс, тим составен од студенти, волонтери од обата пола кои мора да бидат облечени во тренерки и доколеници.

Во Сен Квентин дошле и неколку прави професионалци како што е шампионот на Вимблдон од 1987 година Пет Кеш, Џастин Гимелстоб, а неодамна таму тренирал и американскиот број 1, Џон Изнер. Традиционално играат во два сета, по четири гема без тајбрејк. Има и категорија на мешани парови, па така се случува од иста да играат затвореник и посетител.

Некогашниот професор на Универзитетот Џорџтаун и противник на Иван Лендл, Марк Ховард во 2011 година го посетил Сен Квентин:

„Играта е напната, но секогаш пријателска и сетовите проаѓаат брзо. Во еден момент додека игравме, скокнав преку мојот согиграч и со акробатски скок го удрив топчето кое падна на линијата. Реакцијата на затворениците кои го гледаа мечот беа неверојатни и траеше неколку минути. Ми се чинеше како да сум го освоил Вимблдон. Еден дури и викна „Па ова ни Федерер не би го направил. Многу се соживуваат со играта".

Најважно правило во затворскиот тенис е играчот да има добро поведение. Турнири на почетокот не се организирале од безбедносни причини, а од кога почнале да играат победниците добиваат 20 долари за прво место, 10 за второ, 5 за трето. Доволно да може да купат нешто од продавницата.

Критичарите тврдат дека тенисот е и премногу луксузен спорт за да им се допушти на некои крвави убијци да го играат. Сепак, оние кои се за овој спорт во затворите велат дека тоа им помага да имаат повеќе респект кон противникот наместо остри погледи.

„Сите сме пријателски настроени додека играме затоа што делиме иста љубов кон тенисот. И тоа ги надминува сите проблеми. Кога ќе се сретнеме во други делови низ затворот се гледаме со почит. За тоа нè научи тенисот", вели еден од затворениците.

Ако сево ова е вистина, тогаш гејм, сет, меч - Сен Квентин!