Неочекувано слабиот промет на затворените е регистриран во текот на последните две години. Од 2004-та, бројот на затвореници во Шведска опаѓа за 1%, за меѓу 2011-та и 2012-та истиот да се намали за 6%. Оваа разлика се очекува и за 2012 / 2013-та.
Како последица на ова затворските власти ставија катанец на затворите во Абу, Хаја, Батсхаген и Кристианстанд. Два од затворите ќе бидат продадени а два ќе им бидат дадени на користење на други државни органи.
Освен крајно успешната рехабилитација на затворениците (иако затворските власти бараат дополнителни инвестиции на ова поле со цел подобрување на просекот), дел од објаснувањето е и дека Врховниот суд на земјата во 2011-та ги намали казните за користење и поседување наркотици, како и новата пракса во која кратките затворски казни најчесто се заменуваат со условна казна.
Од пикот во 2004-та, со 5.722 затвореници, во 2012-та затворската популација во Шведска паѓа на 4.852 лица. Земјата има популација од околу 9,5 милиони луѓе. За споредба, во Македонија со 2 и нешто милиони луѓе во 2012-та имало 2.190 затвореници.