Затворскиот систем на Тексас ќе одвои 750.000 долари за шест разладни системи во свињарските фарми на затворите во кои штитениците одгледувааат животни за сопствена исхрана.
Системите ќе овозможат беспрекорни услови за свињите бидејќи овозможуваат проветрување, ладење и греење на просториите.
Е сега вака: во изминатите 6 години најмалку 14 затвореници починале од екстремна топлина во ќелиите.
Летно време тие живеат на просечна температура од 49 степени и речиси нема просторија која е климатизирана.
"Тие донесоа одлука која буквално значи дека сланината им е поважна од човечките животи," вели адвокат од Остин кој ги тужи затворските власти за неколку смртни случаи поврзани со температурата.
Еден од медиумски најeкспоонираните случаи беше смртта на извесен Родни Адамс кој почина во 2012-та, откако затворските лекари му дале апчиња кои го направиле чувствителен на надворешната температура и човекот умрел со телесна топлина од 43 степени.