Лечков беше еден од најзаслужните за успехот на фудбалската репрезентација на Бугарија која на Светското првенство во САД во 1994-та година ја освои четвртата позиција.
По завршувањето на својата играчка кариера, Лечков стана успешен бизнисмен градејќи луксузни хотели, а користејќи ја славата во родниот град Сливен, тој стана и градоначалник. Во 2007-та година тој повторно беше избран за градоначалик на Сливен, но очигледно не се снашол толку добро во улогата на политичар.
Вчера бугарскиот суд го осуди Лечков на затворска казна со траење од две години затоа што за време на својот мандат како градоначалник на Сливен, тој ја оштетил општината за околу 600.000 евра. Лечков има право да ја обжали пресудата.