Рој едноставно бара да му бидат овозможени услови да ја плати кауцијата од 1,7 милијарди долари а тоа значи вообичаен бизнис сет-ап за да може да ги продава вредните имоти ширум светот.
"Не можеме да го држиме во обична ќелија и да очекуваме да собере пари за кауцијата," изјави судија од индијскиот Врховен суд и побара од Владата да се произнесе по барањата на 66 годишниот милијардер.
Шефот на индискиот конгломерат Сахара Индија Паривар во затвор е од март, откако не ја исполни судската наредба да плати отштета од 3,3 милијарди долари на измамени инвеститори кои главно биле наоѓани во мали градови и рурални области на Индија.
А не дека нема пари. Во 2012-та беше проценет на 11 милијарди долари.
Пар престижни имоти кои би можел да ги продаде од својата затворска канцеларија:
Со оглед на околностите во кои ќе го продава имотот, сосема извесно е дека Субрата ќе изгуби тешки милиони во ценкањето.