Приватните компании кои управуваат затвори потпишуваат договори со државата во кои властите се обврзуваат на висока пополнетост на затворските капацитети.
Ова го објави Центарот In the Public Interest кој ги следи јавните набавки обедлоденувајќи договори во кои локалните и државните власти практично се обврзуваат на "затворенички квоти" според кои во крајна линија граѓаните плаќаат за сите празни кревети во затворите.
Некои од договорите предвидуваат 90 и 100 посто пополнетост на капацитетите.
Со други зборови, државата се обрзува да ги држи затворите полни.
Аризона, Оклахома и Луизиана се држави во кои ваквите обврски се највисоки. Три затвора во Аризона, по договор мора да бидат постојано 100 посто полни а во Колорадо веќе била платена отштета од 2 милиони долара заради неисполнетост на приватниот затвор, која се должи на општиот пад на стапката на криминалот.