САД зад решетки имаат 730 луѓе на 100.000 жители. Без исклучок, ова ги прави држава со процентуално најзатворено население на светот.
Моментално во зандана се наоѓаат 2,2 милиони лица, повеќе од Македонија, исто колку што жители има Хјустон.
Тоа не е единствениот американски рекорд во овој жанр: рекордери се и по број на затвори во светот. Имаат активни 4.575 објекти, над 4 пати повеќе од второпласираната Русија која има 1.029 затвори.
Според California Prison Focus, "ниедно друго општество во човечката историја нема затворено толку многу свои граѓани."
Еве ја табелата на Блумберг: