Од 1980-та година до сега, државните трошоци за високо образование инфлацијата ги изела за 13 проценти. Истовремено, трошоците за затворите и придружните пенални институции пораснале за неверојатни 436 проценти.
Денес состојбата е таква што државата повеќе плаќа за второто отколку за првото.
55 проценти од зголемените затворски трошоци се должат на простиот факт дека зад решетки има многу повеќе луѓе. Затворската популација на Калифорнија расте 8 пати побрзо од ритамот на раст на општата популација.
Истовремено, додека платите во високото образование стагнираат, затворските екипажи стануваат сè поскапи. Чуварите во Калифорнија заработуваат меѓу 50 и 90 проценти повеќе од колегите во другите држави. А растат и околните трошоци. Пример, Беј Ареата е полна со затвори. А Беј Ареата е ужасно скапа за да се купи/најми куќа. А чуварите сепак мора некаде да живеат.
Само во последната деценија, државните трошоци за еден затвореник пораснале за две третини, како резултат на наредбата на федаралниот суд да се поправат условите за живот во казнените институции. Високото образование во меѓувреме се повеќе се потпира на студентското учество. Пред три години се случија масовни студентски протести откако универзитетските власти решија да гја зголемат партиципацијата за 32 процента.
Државата се обидува да ги намали затвореничките трошоци со една програма за прераспределба по која осудениците за помали и ненасилни дела (главно наркомани) се префрлаат во општинските затвори наместо во државните.
Проблем е што во тој случај локалните шерифи имаат речиси одврзани раце да ја бираат методологијата за нивно превоспитувањето и социјализацијата.