Паркот Јура, финансиска конструкција

Изградба на забавен парк со истиот капацитет и изглед како тој од филмот, ќе чини 23,4 милијарди долари. За да функционира паркот а да не банкротира, ќе треба да заработува 11,9 милијарди долари годишно.

Сумата се базира на едно видео кое ги елаборира сите трошоци потребни да се започне ваков подвиг, од купување на островите до создавање диносаоруси.

Според видеото најголемите трошоци се за двата острови, едниот на кој е паркот со диносаорусите, и вториот на кој се одгледуваат диносаорусите, пред да се префрлат во паркот.

Процените се дека најголемата плата меѓу вработените на острвот би ја земале адвокатите (300.000 долари годишно), а по нив се генетичарите (200.000) и програмерите (154.000).

Сумата од 11,9 милијарди е без никаков профит за паркот, туку само одржување и покривање трошоци.

16 јуни 2015 - 12:54