Ако филмов остане на минусот од 140 милиони долари, тоа ќе биде рекордна загуба на Дизни по филм. Претходно врвот го држеше На Марс му требаат мајки со загуба од 136 милиони долари, а Осамениот ренџер донесе загуба од 114 милиони долари.
Иако на инвеститорите не им е пријатно да слушаат за ваква загуба, сепак тие се раат бидејќи и покрај минус од 140 милиони долари, компанијата минатата година имаше приходи од речиси 53 милијарди долари, од кои филмскиот бизнис донесе 7,3 милијарди што е пораст за 22%.
Левтерноста на инвеститорите е и заради портфолиото со кое располага студиото Дизни:
- Марвел Универзумот е детално испланиран до 2019-та
- Годинава започнува новата трилогија на Војна на ѕвездите
- До крајот на годинава ќе се завршат два нови цртани на Пиксар
- Дизни најави снимање на филмови за Пинокио, Убавицата и ѕверот, Вини Пу и Дамбо. (Пепелашка им донесе приходи од 533 милиони долари, на буџет од 95 милиони долари)