Освен што целта на овие слики е да го памтиме Путин, тие со себе носат и неколку многу јасни пораки: прво, дека Путин е здрав, што е многу важно за народот имајќи предвид дека на повидок нема негов наследник; второ, дека Русија е во раце на сестран маж кој знае да се справи во секоја ситуација; и трето, кога овие слики ќе му го кренат рејтингот на Путин, тоа е порака до елитите да не се плашат и да бидат спокојни бидејќи тој ја има контролата во земјата.
Делот околу здравјето посебно се покажа критичен минатиот март кога Путин неколку денови го снема од јавноста без никакво објаснување. Во рок од неколку дена се изнаредија сите гласини од болест, до државен удар.
Процената е дека освен промоцијата на Путин, видеата и сликите се и еден вид разгледница за промоција на Русија.