На почетокот на "да се биде или не" седмицата за владата на Алексис Ципрас, останува фактот дека Грција во многу европски престолнини ја сметаат за како држава која одбива да се модернизира и заради тоа треба да ја напушти Еврозоната, ако не и самата Унија.
Ова гледиште може е разбирливо, ама е погрешно. Разбирливо заради лакрдиите на грчката влада која одби да се вклучи во конструктивен и компетентен манир спрема своите кредитори. Погрешно бидејќи е базирано на погрешната претпоставка околу она што е постигнато во Грција во последните пет години, околу она што го сака едно постојано мнозинство во Грција, и околу тоа кои ќе бидат последиците за Европа.
Ова гледиште е копија на - слично разбирливо, но слично погрешно - гледиштето кое го има сегашната грчка влада, дека програмите за економско адаптирање, во народот познати како "меморандумот," се единствениот извор на болките на земјата. Разбирливо бидејќи нема сомнеж дека штедењето препишано како дел од меморандумот придонесе кон големата грчка депресија во смисла на изгубено производство (-25%) и стапка на невработеност (која достигнува 27,5%).
Но ова гледиште е погрешно бидејќи штедењето беше неопходно кога Грција беше исклучена од финансиските пазари во 2010-та, кога структурниот фискален дефицит надмина 18% од БДП-то на претходната година, и погрешно бидејќи неговото влијание секогаш ќе биде жестоко за хронично некомпетитивна економија зависна од домашната јавна потрошувачка.
Штедењето одигра улога на корисен идиот за популистите и националистите во Грција кои не сакаат да прифатат дека корените на грчките економски и политички проблеми во најголем дел се домашни: хронично слаби фискални институции и дисфункционален правен, регулаторен и даночен систем кој со децении го спречува појавувањето на глобално компетитивни приватни компании.
Ова не значи дека меморандумот е добро осмислен. Независни анализи, вклучително и онаа од канцеларијата за процени на ММФ, идентификуваа голем број на критични пропусти: масовното кратење на долгот во 2012-та требаше да биде имплементирано во 2010-та, што ќе овозможеше помазен пат за фискално адаптирање и ќе резултираше со поплитка рецесија.
Дури и по ова, "тројката" составена од Европската комисија, Европската Централна Банка и ММФ, постојано ставаат поголема важност на држење до претерано амбициозни фискални таргети отколку до структурни реформи и градење на државата.
Дополнително, структурните реформи кои беа спроведени на почетокот - како неопходната ама нагла адаптација на регулативата на пазарот на трудот и минималната плата, без консултации со социјалните партнери - беа лошо спроведени и се покажаа како недоволни за зголемување на извозот ако се има предвид склеротичната бизнис околина.
На кратко, има доволно вина за сите. Нема сомнеж дека најголемиот дел од вината лежи во последователните грчки влади кои само повремено покажуваа вистинско разбирање за проблемите на економијата и за подготвеноста да ги конфронтираш истите. На крај токму ова е недостаток на политички посед на реформи кој ја одвојува Грција од останатите земји во програмата, и кој е главниот извор на гнев во европските престолнини.
Многумина, вклучувајќи ме и мене, имаа надеж дека владата предводена од Сириза ќе ја промени оваа динамика ако си има предвид дека тие никогаш не изградија врска со клиентелизмот. За жал, нивните перформанси до денешен ден покажаа дека тие се подеднакво конзервативни, племенски, гладни за моќ и идеолошки како и нивните претходници.
Не само што многумина од нивните кадри на клучни позиции ја добиле својата фотеља заради верност на партијата а не компетентност, туку единствена заедничка нишка на нивната владејачка стратегија до сега беше паушалното враќање на реформите, добри или лоши, воведени од претходните влади - наизглед единствено заради создавање приказ на симболично раскинување со минатото.
Дополнително, владата не успеа да артикулира конкретна, прогресивна, напредна агенда за реформи, и да ја надмине својата популистичка реторика за агресивно да може да ги преземе итно потребните структурни реформи, од кои најголем дел се наведни во меморандумот. Ова вклучува либерализација на пазарот, поедноставување на бизнис околината, проширен и подобро таргетиран систем за систем за социјална заштита, вистински меритократска јавна администрација, приватизација на секторите доминирани од неефикасни државни монополи, и реформа на пензиите.
Како резултат на недостигот на конкретни предлози за реформа и општа тврдоглавост на владата, кредиторите се вратија на барање на амбициозни фискални таргети и понатамошни хоризонтални мерки за штедење (пример, покачување на ДДВ) кои можат лесно да се мониторираат, со цел да ја оправдаат дополнителната помош пред своите парламенти, додека структурните реформи и понатаму се потиснати.
Па, дали се' е изгубено? Всушност, под купот вести за штедењето, банкротот и Грегзит, се појави вистински возбудлива структурна политичка шанса: неколку истражувања покажаа дека тивкото но моќно мнозинство од грчкиот народ сака само две работи - договор кој го осигурува членството во ЕУ, и надпартиска влада на национално единство која може ова да го испорача.
Ако сегашната грчка влада - составена од две партии кои последниве 5 години се бунеа против пакетот за спас - го потпише својот меморандум, тоа потенцијално ќе стави крај и ќе даде можност за обновување. Под претходните грчки влади, секогаш имаше барем една голема популистичка опозициона партија која го залажуваше електоратот под сериозен стрес дека постојат безболни алтернативи на пакетот за спас. Овој структурен политички проблем сега е подмирен, и условите се зрели за влада која конечно ќе поседува програма за реформи.
Фрустрацијата и замореноста во голем број европски престолнини во однос на Грција е разбирлива, ама ова не се добри причини за да се пропушти оваа уникатна шанса за Европа и Грција.