Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

„Студените“ Швеѓани најмногу си веруваат

Иако ги бие глас дека се студени карактери, 83% од Швеѓаните имаат доверба дека луѓето околу нив се спремни да им помогнат, покажува анкета на центарот Пју. Како се оди на југ, оваа доверба се намалува и најниска е во земјите што важат за најсрдечни - во Турција, Бразил и Мексико. Довербата зависи од приходите, образованието и возраста, а не толку од религијата.

Русите го имаат Старлинк на нишан

Руските вселенски сили развиваат ново оружје со кое би можеле да ја уништат мрежата комуникациски сателити Старлинк на Илон Маск, која им помага на украинските сили во војната. Планот предвидува да исфрлат во ниска орбита облаци од шрапнели, кои како сачми би „собориле“ сателити, но постои ризик дека ќе уништат и сопствени или кинески.

Првата црна Британка всушност била бела

Низа англиски медиуми на чело со ББЦ пред една деценија ги идентификуваа мистериозните останки на жена од римско време како „првата црна Британка“ и ја прилагодија историјата кон кампањата за диверзитет, еднаквост и инклузија. Нова генетска анализа ја урива таа пропаганда и покажува дека жената од Бичи Хед всушност била античка русокоса Англичанка.

СЗО им се враќа на билките, акупунктурата и јогата

Од билкарството во Африка, до акупунктурата во Кина или индиските медитации, традиционалните лекови и третмани сè повеќе се покажуваат како ефикасни и заслужуваат поголемо внимание и истражување. Овие вековни практики сега може полесно да се проверат со ВИ, геномика и скенирања и да се вградат во здравствените системи.

Младата украинска „елита“ се убива за крипто далеку од фронтот

Додека илјадници млади Украинци гинат бранејќи ја својата татковина, нивните врсници од „елитните“ семејства на тајкуни и политичари ѕверски се убиваат по европските метрополи, каде што беа засолнети за да не одат на фронтот. Син на амбасадорка во Бугарија мачел и запалил свој другар, син на функционер од Харков, во обид да му ограби 200.000 долари во криптовалути.

Германските агенти ќе добијат дозвола за саботажи

Во нов нацрт-закон се предвидуваат темелни промени во германската разузнавачка агенција. Агентите на БНД, кои досега беа ограничени да бидат „пасивни шпиони“, ќе се изедначат со колегите од ЦИА и МИ6. Ќе добијат право да вршат саботажи во странство, да провалуваат во домови и да инсталираат шпионски софтвер во компјутери. 

Стармер крати пари за борба против руското влијание на Западен Балкан

Владата на Кир Стармер ја намали за 40% поддршката што им ја дава на земјите од Западен Балкан за справување со дезинформации и кибернетски напади, како и за зајакнување на демократијата. Невладини организации ја критикуваат одлуката како „поткопување на угледот на Британија“ и бараат повеќе пари за „борба против руската агресија“.

Кинески богаташи штанцаат наследници од сурогат мајки во САД

Инспирирани од Илон Маск, кој има „легија“ од најмалку 14 деца, кинески тајкуни ги користат лабавите закони за сурогат мајчинство и ин витро оплодување во САД за да создадат големи семејни династии. Еден се пофалил дека потрошил десетици милиони за да стане генетски татко на сурија од повеќе од сто деца на кои ќе им ја остави компанијата во наследство.

Џефри Сакс до Мерц: Научи историја!

Од 1990 година постојано се игнорираат, се потценуваат или директно се прекршуваат основните безбедносни грижи на Русија, честопати со активно учество од Германија, му порачува професорот Џефри Сакс на канцеларот Мерц. Оваа историја не смее да се игнорира ако Европа сака да заврши војната во Украина и да избегне трајна состојба на конфронтација.

Дигитални ЛК: Спремни ли сте да ве следат?

Политичарите низ Европа промовираат дигитални лични карти, издадени од владата, кои го поврзуваат идентитетот на секој човек со речиси сè што прави службено или приватно. Велат дека ќе го олеснат животот и ќе ги заштитат децата од опасни содржини. Критичарите предупредуваат дека ќе овозможат тотална контрола врз граѓаните и таргетирање поединци.

Водородот баш и не е спас од глобалното затоплување

Водородот долго време се сметаше за чисто гориво што испушта само водена пареа и со кое може да се надмине климатската криза. Всушност тој бил дел од проблемот, затоа што врзува прочистувачи на метанот и го задржува подолго во атмосферата. Без оглед на влијанието, масовно се затвораат капацитетите за производство на водород затоа што се скапи и нема купувачи.

East Gate Mall: Најмодерен трговски центар во регионот со светски стандарди за одржување

East Gate Mall продолжува да го поставува стандардот за тоа како треба да изгледа и функционира еден современ трговски центар. Како најголем, најмодерен и архитектонски највпечатлив центар во земјата, East Gate Mall секојдневно привлекува илјадници посетители кои очекуваат удобност и квалитет споредлив со најреномираните молови во Европа и светот.

ЕУ ќе мора со свои пари да ѝ ги плати сметките на Украина

Пропадна обидот на лидерите на ЕУ да ги грабнат замрзнатите руски милијарди за да ја затворат финансиската дупка на Украина во следните две години. Не го скршија отпорот на Белгија. Словачка, Чешка и Унгарија беа против алтернативниот план за користење пари од буџетот на ЕУ. Сметката од 90 милијарди евра ќе ја платат другите 24 членки.

Половина првачиња во Виена не разбираат германски

Децата во училиштата низ Австрија сè потешко комуницираат и следат настава, бидејќи немаат заеднички јазик. Првпат во историјата на Виена првачињата што го зборуваат германскиот јазик се во малцинство. Вкупно 50,9% од сите првачиња во оваа школска година се класифицирани како „ученици со посебни потреби“ бидејќи не разбираат германски.

Паметни роботи помали од зрнце сол

Во ерата на развој на суперинтелигентни машини, американски инженери успеале да конструираат микроробот помал од зрнце сол, кој автономно носи одлуки, самостојно се движи без далечинско управување и самиот си обезбедува енергија. Производствената цена му е пониска од еден цент. Планиран е за да контролира клетки, но потенцијалната примена му е огромна.

По мирот со Русија, Украина ќе мора да спречи граѓанска војна

Додека Украина е во дефанзива и на воениот и на дипломатскиот фронт, генералот Валериј Залужни предупредува на ризикот од општа дестабилизација, па дури и граѓанска војна, кога ќе биде постигнат мир со Русија и кога милион војници ќе се вратат дома. Елитата во Киев ја испразни државната каса и создаде револт и кон ветераните и кон насилната регрутација.

Соголена приватноста на премиум претплатници на Порнхаб

Хакерската група ShinyHunters упаднала во системот на платформата Порнхаб и украла чувствителни податоци за близу 200 милиони активности на најпопуларната платформа за порно. Собрале електронски адреси на премиум членови, заедно со податоци за пребарувања, гледани содржини и локации, токму оние што корисниците никако не сакаат да се обелоденат.

Асанж: Нобеловиот комитет за мир промовира војна

Џулијан Асанж поднесе тужба против Нобеловата фондација поради доделувањето на Наградата за мир на Марија Корина Мачадо, која ја поддржува американската агресија врз Венецуела и повикува на војна. Ако ѝ ја исплати наградната сума на Мачадо, Фондацијата ќе биде одговорна за финансирање на воени злосторства и ќе треба да одговара пред Меѓународниот кривичен суд.

Избегнат судар во сообраќајниот метеж во орбитата

Ниската орбита околу Земјата се преполни со сателити, како улица со коли во сообраќаен шпиц.  Откако приватниците се вклучија во вселенскиот бизнис, лансираат роеви од илјадници сателити со координација која е далеку од совршена. Пред неколку дена бил избегнат судар што можел да предизвика верижна реакција во која ќе настрадаат сите сателити.

Британските агенти мора да бидат и хакери

На современото поле за шпионски пресметки повеќе нема многу полза од класичните агенти од типот на Џемс Бонд. Скришните камери и оружја денес се застарени гаџети. Сега се шпионира од безбедна далечина. Од новите агенти ќе се бара да бидат хакери што знаат програмски јазици, а не заводници што говорат руски или кинески, најавува новата шефица на британската МИ6.

Газираното ќе ве издиши

Кога го начекавме насловот во Мирор „Доктор предупредува дека популарен пијалок го зголемува ризикот од мозочен удар за 300%, а од деменција за 290%“, првата реакција ни беше „Само да не е кафе, само да не е кафе…“ Не било кафе, туку газирани пијалоци, и тоа особено оние диеталните, кои користат хемикалии како вештачки засладувачи.

Глобализација на интифадата

Евреите во светот време извесно време се навикнуваат на вонредни мерки за безбедност. Во синагоги во Еввропа, за време на Јом Кипур, на врата се бараат документи и се претресуваат торби. Ако верските фанатици го гледаат секој нивен празник како шанса да нападнат, еврејството во светот ќе се повлече во себе или ќе стане како Израел, вооружено и уплашено.

Рајските острови станаа гнездо на терористи

Родриго Дутерте не водеше бадијала војна против терористите. Додека тој зад решетки во Хаг чека судење за злосторства против човештвото, неговите Филипини повторно станаа оаза за регрутација и обука на исламистички терористи. Кон оваа земја водат трагите на таткото и синот кои обучени и инспирирани од идеологијата на ИСИС пукаа врз Евреи на сиднејската плажа Бонди.

САД ќе го бранат мирот во Украина со Ф-35 и томахавки

Ако биде постигнат договор за крај на војната, Вашингтон ќе ѝ ја гарантира безбедноста на Украина без да испраќа војници на терен, како што настојуваат европските сојузници на Киев. Главните средства за одвраќање би биле долгострелни проектили и борбени авиони, кои би биле активирани само при недвосмислени докази дека Русија тргнала во нова инвазија.