Вести

Корејските работници одат на штрајк против роботите

Се повторуваат лудистичките движеа и протести од 19-от век, кога квалификувани текстилни работници од Англија (ткаачи, плетачи на чорапи и слично) кршеа машини, спротивставувајќи се на механизацијата што им ја загрозувала егзистенцијата. Денес опасноста доаѓа од роботите а историјата им дава право на работниците да бидат загрижени: да не остана некој денес рачно да плете чорапи?

Никој нејќе син да крсти Доналд

Да се крсти машко бебе Доналд не е многу популарно во моментов. Новите податоци од Администрацијата за социјални услуги покажуваат дека името го достигнало најниското ниво на популарност во историјата на САД. „Доналд“ денес се наоѓа на 690-тото место по популарност на машки имиња. Ама па може кај тие што чуваат магариња е поинаку.

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Речник

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Крајот на трансатлантизмот

Актуелната криза меѓу Европа и САД означува крај на една ера. Без оглед на тоа кој ќе го наследи Доналд Трамп, никој нема да дојде во Европа и да каже „Америка се врати!“. Врските изградени врз специфични глобални карактеристики се прекинати. Со трансатлантизмот е завршено како идеологија, но тоа не значи дека Европа и САД по бурниот развод не можат да останат пријатели.

Хрватите за десет години го дуплирале своето богатство

За само десет години, хрватските домаќинства го удвоиле своето финансиско богатство, а најголемиот раст се случил минатата година. Структурата на заштедите на граѓаните исто така се има променето - хрватските граѓани сè повеќе инвестираат во хартии од вредност, а сè помалку пари чуваат на банкарски сметки.

Го гасат светлото во соларната централа од 2,2 милијарди долари

Проектот со кој Обама сакаше да ги промовира САД во глобален лидер во битката против фосилните горива, сега стана пример на расипничко трошење на пари од даночни обврзници. Сончевата централа Ајванпах, не само што не ја направи Калифорнија независна од фосилни горива, не можела да ги задоволи ни сопствените енергетски потреби, па трошела гас за да остане во погон.

Европа победи на изборите во Молдавија

Проевропската партија ПАС победи на парламентарните избори во Молдавија, кои беа оценети како клучен тест дали поранешната советска република со 2,4 милиони жители ќе продолжи се движи кон Брисел или кон Москва. Русија беше обвинета дека се меша во изборите, но и другата страна објави многу аргументи што ја оспоруваат легитимноста на изборите.

Нетанјаху прифаќа амнестија за Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прв пат ја прифаќа идејата за амнестија на терористите од Хамас, ако ги ослободат израелските заложници и заминат од Газа. Досега инсистираше на целосно уништување на Хамас и ликвидирање на лидерите. Новиот американски план предвидува и воспоставување палестинска држава. Но, за да има мир планот треба да биде прифатен и од Хамас.

Чистката на депозити во Виетнам ја засили довербата во биткоин

Неодамнешната одлука на Виетнам да избрише над 86 милиони банкарски сметки ја зголеми загриженоста од централизирана контрола на личните финансии. Виетнам не е изолиран случај на масовно блокирање депозити. Ова го зголемува интересот за децентрализирани алтернативи како што е биткоинот, кој функционира изолиран од владини или институционален надзор.

Хакери уценуваат родители со украдени податоци за 8.000 деца

Кибернетска банда упаднала во синџирот градинки Кидо и украла најчувствителни податоци за повеќе од 8.000 деца во Британија, САД и во Индија - имиња, фотографии и адреси. Криминалците велат дека имаат и информации за родителите и старателите на децата. Ги користат за да ги уценуваат родителите да платат откуп. Полиција ги советува родителите никако да не плаќаат.

Дупки во европскиот ѕид против дронови

По низата неразјаснети нарушувања на воздушниот простор и сомнителните и се уште неидентификувани летала над аеродромите, ЕУ се согласи да ги забрза и да ги засили плановите за изградба на „ѕид“ против дронови. Во оваа нова линија на одбрана може да останат дупки, исто како во Мажино, која хитлеровите сили пред речиси еден век едноставно ја заобиколија.

Со вештачките засладувачи го забрзувате Џо Бајден во себе

Истражување утврдило сериозна поврзаност на користење вештачки засладувачи со пад на конгинитивните функции како што е размислувањето и меморијата. На умерените потрошувачи стапката на опаѓањето била за 35% а на сериозните косументи дури за 65% повисока. Мозокот предвреме им остарел 1,6 години.  

Производителот на „тиленол“ со години го криел ризикот од аутизам

Медиумите и експертите за јавно здравје, сè до СЗО, го отфрлаат заклучокот на претседателот Трамп и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, дека лекот тиленол земан во текот на бременоста е поврзан со зголемување на случаите на аутизам. Не и производителот на лекот, кој со години знаел за ризиците и наместо да ја предупреди јавноста барал начин да ја избегне одговорноста.

Нема доволно пари за незаситната ВИ

Откако Нвидиа инвестираше 100 милијарди долари во ОпенАИ, се чини дека парите бесконечно течат кон вештачката интелигенција. Економисти од Дојче банк и од Вол стрит предупредуваат дека актуелниот глобален бум на ВИ е неодржлив, освен ако развојот на новата технологија не ја следат инвестиции по „параболична линија“. Анализи покажуваат дека фалат уште 800 милијарди долари.

Платина од илјадници милијарди долари чека рудари на Месечината

Што сè астрономи нема да откријат на Месечината за да охрабрат мисии за рударење по нејзината површина. Едно време беше вода (која е ептен скапа кога не е на Земјата), па изотоп на хелиум... сега се платина и други ретки метали од дното на периодичниот систем што останале по ударите на комети и астероиди. Копањето би било комерцијално исплатливо, но забрането е од 1967 година.

Стармер ги заострува мерките за мигрантите

Британскиот премиер Стармер призна дека лабуристите воделе лоши политики за миграцијата. Дури и за време на неговиот мандат, партијата била слепа за јасната загриженост на граѓаните во однос на нелегалната миграција. За да го промени тоа, воведува дигитална лична карта, која ќе ги спречи мигрантите да работат на црно. Британците се плашат дека ќе им ги загрози граѓанските слободи.

Мајкрософт му одзеде моќно шпионско оружје на Израел

На израелската војска ѝ е прекинат пристапот до напредната технологија на Мајкрософт со која секојдневно снима милиони телефонски повици на Палестинците од Газа и од Западниот Брег. Иако се наведени технички причини, одлуката е последица на притисокот од вработените и инвеститорите, кои не сакаат да дозволат Мајкрософт да биде соучесник во геноцидот во Газа.

Блер се мести за премиер на повоена Газа

Сер Тони Блер лобира да раководи со привремената влада на Газа што би била формирана кога ќе заврши војната. Веќе добил поддршка од Трамп за „да го жртвува своето скапоцено време“. Навистина е скапоцено. Неговата тарифа за политички говор се движи од 200.000 до 300.000 долари. А, неговиот институт беше вклучен во проектот за претворање на Газа во луксузна „ривиера“.

Трамп попусто се гребе за Нобел?

Наспроти огромните напори и лобирања на Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир, како круна на неговите мировни напори и „запирањето на седум војни“, историчарите, букмејкерите, па и мнозинството Американци се убедени дека не ја заслужил и нема да ја добие. Но, не решаваат тие, туку членовите на Норвешкиот комитет, кои не толку одамна му дадоа Нобел и на Барак Обама.

ЕУ ќе плаќа и свои долгови со руски пари

Брисел објави дека со низа финансиски и сметководствени финти успеала да најде „легален“ начин да грабне 175 милијарди евра од руските заробени средства. Главнината од 130 милијарди ќе ги префрли во „Заемот за репарација“ за Украина, а со рестото ќе ги плати сопствените обврски од заемот за Украина што го договори со Г-7. Киев ќе го враќа долгот кога ќе добие воени репарации од Русија.

Данска му се извини на Гренланд за присилната контрацепција

Во кампања за десеткување на популацијата на Гренланд, дански лекари им вметнувале контрацептивни спирали на илјадници жени, без да ги известат. Меѓу жртвите имало и голем број малолетни девојчиња. Организираната практика прекинала во 1970 година, но била применувана и од локалните власти кога ја презеле контролата врз здравствениот систем. Сега се извинуваат.

Здрави гени и јогурт се испробан рецепт за долговечност

Нутриционисти и лекари не бомбардираат со информации за диети, вежби и други рецепти со кои човек може да си го продолжи животот. Сега прв пат е спроведено темелна студија на конкретен пример. Научници ги истражувале гените, протеините, метаболитите, микробиомот и животните навики на своевремено најстарата жена на светот. Нивниот заклучок накратко: Јогурт три пати на ден.

Кина не копа песок, го произведува

Речиси 90% од песокот што се користи во Кина сега е произведен во каменоломи или од рударски отпад. Тоа е многу важно затоа што светот всушност нема доволно количество квалитетен песок што би ги задоволил потребите на градежната индустрија. Пустинскиот е неупотреблив, а копањето од плажите и од реките го достигнало врвот и сега само прави штета за природата и за луѓето.

Прв пат излекувани пациенти од Хантингтонова болест

Лекари првпат успеаја да излекуваат пациент од Хантингтонова болест, една од најсуровите и најразорните за мозокот. Болеста генетски се пренесува и немилосрдно ги убива мозочните клетки предизвикувајќи симптоми што се комбинација од деменција, Паркинсонова и моторна невронска болест. Третманот е сложен и скап, но надеж дава успехот од 75% при првичните истражувања.

На младите Грци не им се мрда од кај мама и тато

Грците и Хрватите не се баш млади кога ги напуштат родителите и формираат сопствен дом. Во просек тоа го прават кога ќе навлезат во четвртата деценија. Влијание за ова има силната традиција повеќе генерации да живеат во еден дом, но главната причина е поскапувањето на станбениот квадрат и кириите. Секое трето семејство во Грција троши за домување 40% од заработеното.

Гугл признава дека цензурирал под притисок од Бајден

Компанијата Алфабет, која ги управува Гугл и Јутјуб, призна дека попуштила од притисокот од поранешната администрација на Џо Бајден да цензурира содржини што не се вклопуваат во владините политики, особено за време на пандемијата и по претседателските избори во 2020 година. Сега им се извинува на блокираните корисници и ги моли да се вратат на платформите.

Масовен надзор на најјако во Лондон

Лондонската општина со најразгранета мрежа на CCTV камери ќе поставува нови и ќе ги надградува во вештачка интелигенција, за да можат да препознаваат лица во живо, да ги следат нивните движења и да ги чуваат податоците долго во базите. На камерите ќе бидат вградени и звучници, преку кои службите директно ќе може да им се обраќаат на минувачите. Се планираат и дронови.

Европа неодговорно потпалува војна

Веројатноста за ескалација во жестока војна е доволно голема и мора да се сфати сериозно. Освен општата волја за војна, најголемиот ризик денес е што ние, како и Германците во 1914 година, погрешно го проценуваме непријателот. И Путин погрешно ги процени западниот одговор на неговата инвазија и отпорноста на украинската армија. Но, западните погрешни проценки се поупорни.