Инјекциите за слабеење се поврзани со низа придобивки, вклучително и сериозно намалување на ризикот од смрт кај срцеви пациенти. Но, постои и друга страна на паричката.
Губењето на чиста телесна маса, вклучувајќи ги и мускулите е особено опасно за луѓето на средна и постара возраст бидејќи ги изложува на ризик од општ пад на состојбата на на организмот.
Оние кои ги земаат лековите без сериозно да зголемат тренинзи за одржување сила би можеле да изгубат опасни нивоа на мускулна маса - еквивалентни на околу една деценија стареење.
Во една студија, дури и оние кои вежбале 150 минути неделно, со дневен дефицит од 500 калории, изгубиле околу 11 проценти од чистата телесна маса.
„Ваква пропорција на губење на чистата телесна маса е слична на баријатриска хирургија, третман на рак или приближно десет години стареење,“ вели доктор Џилијан Хатфилд од универзитетот Фрејзер во Канада.
Други студии откриваат дека помеѓу 20 и 50 проценти од изгубената тежина обично не е од маснотии.
Се препорачува луѓето што земаат вакви инјекции да прават вежби за сила два до три пати неделно, заедно со 150 минути „умерена до енергична физичка активност“. Ова помага да се продолжи со губењето на мастите за време на третманот и да се намали повторното добивање на тежина откако ќе се прекине третманот.