Неврологот Клинт Стил објави строго предупредување дека диеталните газирани пијалоци тројно го зголемуваат ризикот од трајни штети и на мозокот и на телото, особено на кардио-васкуларниот систем. Ризикот драматично повисок за луѓето што пијат газирано секој ден.
Тој се повикува на студија што ги следела навиките за јадење и пиење на луѓе во тек од седум години, а потоа и ефектите во следните седум години.
Оние што вообичаено пијат диетални газирани пијалоци барем еднаш дневно, имаат зголемен ризик од мозочен удар за 300% и зголемен ризик од развој на деменција за 290%.
Газираното е штетно, но она што го гледаме во истражувањето е дека диеталните газирани пијалоци се уште поштетни поради хемикалиите што се користат како вештачки засладувачи. Дури и ако ги пиете неколку пати неделно, сепак се штетни. Откажете се, предупредува 56-годишниот експерт.
Неврологот што специјализирал спречување на деменција и Алцхајмеровата болест има едноставна препорака: „Преминете на вода или на чај, пред да биде предоцна“.