Вести

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Речник

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Трудо го разреши канадскиот амбасадор во Кина затоа што зборел без дозвола

Амбасадорот Џон Меккалум е отпуштен затоа што без да добие дозвола проговорил во врска со апсењето на финансиската директорка на Хуавеи, Менг Венџу, на аеродром во Ванкувер.

Данска ќе се оградува од Германија со 70 километри ограда, ама не за тоа што мислите

По месеци дебати и расправии во Данска започна изградба на ограда по должина на границата со Германија и се очекува да биде завршена во рекордно време. За разлика од оградите на „Тврдина Европа“ од последно време, оваа не е за луѓе, туку за свињи.

Компјутер ги победи најдобрите во Старкрафт 2

Компјутерот ДипМајнд убедливо исплескал двајца од најдобрите живи играчи на популарната стратегија Старкрафт. Ова е предизвик за младината уште повеќе да вежба, јер и сега малку го прават тоа.

Сопственикот на Гучи и должи цело богатство на Италија

Долгот не е заради некаква инспирација или авторски права, туку чисто сметководствен, заради данок што брендот го нема платено во земјата, а беше откриен во ревизија на компанијата.

Како личното здравје им го препуштивме на шарлатани?

Проблемот со многу корисните здравствени информации на интернет е што најчесто се обраснати со плевел од надрилекари, дилетанти и злонамерници со сопствена агенда.

Замената за шеќер не е ништо подобра од шеќер

Тоа што регуларна газирана (или каква била) пијачка ќе ја замениш со нејзина диетална верзија нема ништо долгорочно да ти смени ни во слабеење, ни во здравје.

Британско „охи“ за мермерите од Акропол

Додека Грција со идентична упорност продолжува да инсистира Британија да почне да преговара за враќање на плочите што пред 200 години беа отуѓени од Атина, првиот човек на Британскиот природно-научен музеј отфрла какво било помрднување на истите.

Новиот документарец за Мајкл Џексон го шокираше Санденс

Новинар на Гардијан го гледал и го оценува како „вознемирувачки“. Дело е на режисер награден од Бафта и се фокусира на приказната на две - тогаш многу малолетни - жртви на наводните сексуални настраности на пејачот. „Иако трае цели 4 часа, ќе ви требаат само две минути за да сфатите дека на наследството на Мајкл Џексон веќе никогаш нема да гледате со исти очи.“ 

Фејсбук ги спојува Инстаграм, Вотсап и Месинџер

Целта се платформите за приватни пораки на трите апликации, кои Фејсбук сака да ги обедини во една, за да не мора постојано да се префрлате меѓу апликации.

Големото британско складирање залихи

Од 30-те месеци што ги имаа до брегзит, на Британците им останаа уште едвај два. Додека политичарите се заглавени и држат тензија до последен момент што како ќе се случи, купувачите ги полнат своите шпаизи со резерви, а супермаркетите и компаниите купуваат нови џиновски магацини за своите залихи.

Ајде веќе нека проработи тој саат

Организацијата на научници која стои зад „Часовникот на апокалипсата“, соопшти дека часовникот и во оваа година останува на исто време како лани: две минути до полноќ. Ви изгледа ли човештвово и неговите лидери дека се свесни за тој цајтнот?

Кина нема да простува загадување

До сега кинеските власти јавно ги прозиваа најразличните градоначалници и градски власти кога загадувањето во нивниот град ќе станеше неподносливо. По ново прозивањето ќе биде надополнето со казни.

„Касандра“, сапуница која ќе заврши или ќе пукне?

Гео-политичките коцки се наредија на очекуван начин во врска со политичката криза во Венецуела. Најдражесен детал: Албанија и Косово веќе се ставија на „вистинската страна на историјата“, веројатно уште Македонија се чека за коалицијата да биде комплетна па да му „мамата мамина“ на диктаторот Мадуро.

Како што не сака сиромашни, така ЕУ не сака ни ултра богати мигранти

Ако до пред некое време сиромашната арапско-африканска тајфа која наспроти сите шанси успева да стигне до европските брегови беше осудувана и презирана од арогантнатa Европа како носител на болести и криминал, сега на истиот список непожелни истата оваа Европа ги надена и ултра богаташите од овие, или кои било, краишта.

Јутјуб канали почнаа да се продаваат за милиони долари

Во рок од неколку месеци и втор Јутјуб канал од топ 100-те најгледани се продаде за милиони долари, а очекувањата се дека годинава ќе се изнагледаме уште вакви зделки.

ИКЕА откри дека на луѓето дома баш и не им е пријатно, а не е до мебелот

Речиси половина од Американците одат во својата кола кога сакаат да бидат сами со себе, е состојбата од теренот која ИКЕА ја пренесува по анкета на 22.000 луѓе во 22 држави.

Како Трамп победува на прес-конференциите?

Како што одминува првиот мандат на американскиот претседател така прес-конференциите со него (и екипата од Белата куќа) се повеќе добиваат на забавност и возбуда, а се помалку на информативност. Се на се брифингот од Белата куќа е станат спектакл како кечери.

Не верувајте на вирални видеа

Едно вирално видео кое покажуваше како американски католички ученици се конфронтираат со Индијанци се чинеше како доволно јасно за да знаеме што таму се случило. Подоцна се појави друго видео од истиот настан кој ја доведе во сомнеж целата приказна.

Нè најдоа ли вонземјаните?

Откако се исклучиле опциите да е метеор или комета, за еден мистериозен објект кој во нашиот ѕвезден систем беше забележан пред две години, астроном од Харвард вели дека можеби е „порака во шише“ испратена од друга цивилизација и дека кон таа можност треба да пристапиме со отворен ум.

Како Порошенко успеа да избори автокефалност за Украинската православна црква

Добивајќи го Томосот на автокефалноста, или, просто кажано, тоа што Цариградската патријаршија и додели независност на Украинската православна црква е еден од најголемите настани на годината. Украинскиот претседател Петро Порошенко беше една од водечките сили зад ова.

Името не се менува туку факинг така

Градските власти во едно место во Њу Хемшир отпрвин не му дозволиле на еден виетнамски ресторан да постави знак со своето име бидејќи комбинацијата на зборови им звучела непристојно. Откако виделе дека сопствениците се докрај решени да го бранат своето име, на крајот сепак решиле: Ок, викајте се како сакате.

Првиот банкрот предизвикан од климатски промени?

Најголемиот снабдувач на Калифорнија со електрична енергија и гас објави банкрот откако против него беа поднесени барања за оштета во износ од десетици милијарди долари заради штета предизвикана од обемните пожари во американската соујзна држава.

Хрватска во еврозоната е Грција 2.0

Ако Хрватска влезе во еврозоната, Путин ќе го добие најсилното оружје во ЕУ, проценуваат од тинк-тенкот Лексингтон

Ќе дојдат со 1.500 приватни авиони и ќе ја жалат климата

Изгледа никој сериозно не ја сфати пораката на Дејвид Атенбороу до светските лидери да преземат итни мерки околу климатските промени. Уште ехото од таа изјава не поминало, а овие во рекорден број ги турираат авионите за следниот самит.