Мермерот на Елгин, по Лорд Елгин кој ги носи во Британија, се 2500 години стари плочи и скулптури симнати од (во добар дел најдени расфрлани наоколу) Партенон и во 1817, во времето кога Турција владее со Грција, пренесени во Британија.
Без разлика на целото натегање околу артефактите, последниот став на директорот на Британскиот музеј, Хартвиг Фишер, е:
„Старателите на Британскиот музеј чувствуваат обврска да ја сочуваат колекцијата во својата целост, за предметите кои се дел од оваа колекција да останат дел од оваа колекција.“
Притоа кога ова го изјавува, Фишер не дека е бесчувствителен кон желбите на Грците порачувајќи дека го разбира нивниот копнеж:
„Мене секако јасно ми е дека Грците имаат посебен и страстен однос со овој дел од нивното културно наследство.
Да, разбирам дека постои желба да ги видат сите скулптури од Партенон во Атина.“
Претходно првиот човек на Лабуристите, Џејмс Корбин, вети дека кога тој ќе стане премиер мермерните плочи ќе и бидат вратени на Атина.
„Мислам дека ова е личен став на Корбин, за кој зборувате.
Очигледно ова не е позиција и став на Старателите на музејот,“ одговорил Фишер на прашањето на Та Неа за ветувањето на Корбин.
На прашањето, дали прифаќа дека Грција е легалниот сопственик на скулптурите, Фишер одговора со НЕ!
„Не, не прифаќам. Предметите кои се дел од колекцијата на Британскиот музеј се во доверителска сопственост на Старателите на музејот,“ го затвора Фишер секое двоумење околу можноста за изнесување на камењата од Лондон.“
Сите изјави на Фишер потоа се потврдени и од Британскиот музеј како „долгогодишна позиција“ на институцијата.