Објектот беше забележан на 19 октомври 2017 година од Универзитетот во Хаваи. Го нарекоа Оумуамуа, што на хавајски значи гласник. Бил детектиран предоцна за да има фотографија од него, но го опишале како „црвен и екстремно издолжен астероид“, со форма на пура.
Според Ави Лоеб, првиот човек на астрономскиот оддел на Харвард, особеното забрзување на објектот и неговите други карактеристики оставаат можност дека се работи за намерно испратен објект од некоја друга цивилизација. Која можеби веќе и не постои, како што и ние веројатно немаше да постоиме ако нацистите навреме успеаја да направат атомска бомба.
Светлината на објектите кои се набљудуваат во вселената (која укажува на неговата ротација) обично се менуваат со фактор три, на на овој се менувала со фактор десет. Неговата екстремна геометриска форма како и прашањето која е силата која го движи (бидејќи е утврдено дека не се гасови од испарување на гасови како кај кометите) ја скокоткаат идејата дека можеби се работи за објект од некоја технолошки напредна цивилизација.
„Ако на пештерски човек му покажете Ајфон, сосема нормално ќе помисли дека се работи за некој вид камен бидејќи е навикнат на камења. Замислете Оумуамуа да е нечиј туѓ Ајфон за нас, пештерските луѓе“, вели Лоеб.
Можноста дека таму негде надвор има и други не е толку мала бидејќи една четвртина од ѕвездите во Млечниот пат имаат планета како Земјата, со голема шанса и таму да се развила слична хемија на животот како и овде.
„Постојат десетици милијарди ѕвезди во Млечниот пат. Фрлете ја коцката доволно пати и сосема е можно дека не сме сами“, вели Лоеб кој вели дека како што ние Земјаните ги имаме испратено Војаџер 1 и 2, така и Оумуамуа можеби е првиот објект кој го детектираме а бил испратен од друга цивилизација.