Не верувајте на вирални видеа

Едно вирално видео кое покажуваше како американски католички ученици се конфронтираат со Индијанци се чинеше како доволно јасно за да знаеме што таму се случило. Подоцна се појави друго видео од истиот настан кој ја доведе во сомнеж целата приказна.

Викендов се појави видео со детиште кое носи капа со слоган на Трамп (аха!) како провоцира Индијанец кој протестира во Вашингтон. Осуди преплавија од сите страни, сосе закани за детето, неговата фамилија и слично. Школото со кое бил на екскурзија рече ќе го суспендира, Њујорк Тајмс извести итн. итн.

Подоцна се појави друго долго видео од истиот настан, многу подосадно и побанално. Ништо посебно всушност не се случило тој ден. Така изгледа од другото видео. После сè, пристојни новинари се извинуваа што избрзаа со осудите.

Самата приказна е досадна (имало и трети итн) па нема да ја раскажуваме. Но, поентата е стара и ја знаеме, ако од ништо друго, тогаш од филмаџиите: една иста сцена, поинако сечена (да, и лепена) може да ни долови потполно поинаква содржина.

Филмскиот свет тоа го знае од пионерските монтажерски експерименти на советскиот филмаџија Лев Кулешов. Во најпознатиот негов експеримент, тој монтира краток филм од инсерти со разни субјекти: безизразен лик на глумец, жена на кауч, мртовечки сандук.... Истата камена фаца на глумецот се чини како да има друга емоција во зависност од тоа која инсерт му претходи или следува. Ако е монтирано како да го гледа сандукот, ни се чини едно, ако е монтирано како да ја гледа девојката, имаме чувство дека неговото лице преживува поинаква емоција. А лицето не мрда, ни првиот ни втиориот пат. Таа квака на Кулешов подоцна е обилно користена од зналци како Хичкок, Кјубрик, Копола. 

Накратко, најдобро не верувајте на вирални видеа, бидејќи сакале или не, ќе се прелажете.

Еве ја поштено сумирaна целата сторија:

* Медиумски наравоученија

 

24 јануари 2019 - 10:15