Се работи за компанијата Керинг, а опфатен е периодот од 2011 до 2017, во кој тие направиле долг во данок од 1,4 милијарди евра. Освен Гучи, Керинг е сопственик на Ив Сен Лорен, Баленсијага, Александар Меквин, Ботега Венета и други.
Од Керинг го оспоруваат ваквиот цех, па целата ревизија ќе треба да заврши на разгледување кај даночните власти на Италија. Проверката на Керинг трае од 2017, а очекувањата на аналитичарите беа дека ќе им стигне меѓу 1,3 и 2 милијарди евра за плаќање данок.
Инаку, Керинг не е прва голема компанија на која и влегоа италијанските даночници. Претходно тие успеаа да ја натераат Прада да плати непозната сума за вонсудска спогодба, а Долче и Габана по 3 години успеаа на суд да истераат правда и не платија данок од 200 милиони евра. За разлика од нив, Епл во 2015 се согласи ретроактивно да плати данок во износ од 318 милиони долари за периодот 2008 - 2013.