Германски истражувачи ја спроведуваат најголемата анализа до сега за „здравствените ефекти на засладувачите без шеќер“, и заклучокот е дека има многу малку докази, прво, за здравствените бенефити од нив и второ, дека тие не се штетни на долг рок.
Од 56 анализирани студии, „многу мал број со многу мала веројатност“ покажуваат намалување на килажата кога во исхраната се вметнуваат засладувачи. Од друга страна дел покажуваат дека зголемената употреба на вештачки засладувачи го зголемува ризикот од рак, меѓутоа анализата не успева да најде таква поврзаност.
Крајниот заклучок на анализата на Универзитетот во Фрајбург е:
„Нема докази за здравствена корист од вештачките засладувачи, а не може да се исклучи потенцијална штета.“
Инаку според британски бројки, децата во Англија на возраст од 10 години веќе консумираат подеднакво шеќер колку што е препорачано за возрасен човек.
Наспроти германските заклучоци, британските експерти и понатаму се за внес на пијалаци со вештачки засладувачи кога единствен друг избор на располагање се само пијалаци со регуларен шеќер, меѓутоа тие се неспоредливо инфериорно решение во однос на единствената здрава алтернатива - водата.