Станува збор за „Enchufe.tv“, кој е еден од најголемите Јутјуб канали со содржина на шпански јазик и има 19 милиони претплатници (што е повеќе од Базфид или Логан Пол).
На оваа зделка и претходеше продажбата на 13-от најгледан канал на Јутјуб „Little Baby Bum“ во јули минатата година.
Иако нема официјално инфо, продажбата на „Enchufe.tv“ се проценува на над 5 милиони долари, додека онаа од јули некаде меѓу 7,7 и 11 милиони долари.
Ваквиот тренд според Верџ се должи на три големи промени:
- Јутјуб почнува да ги избегнува креаторите од сопствената платформа на сметка на протежирање холивудски ѕвезди.
- Креаторите имаат константен проблем со истрошеност и истоштеност.
- За креаторите почнуваат да се појавуваат можности вон платформата.
Примери за ова има од паника на Јутјуб дека контроверзните но популарни јутјубери би можеле да ги избркаат огласувачите, па решија да пуштат серија нови содржини со холивудски ѕвезди како Вил Смит, Кевин Харт и Џејк Вајтхол, до одлуката на едни јутјубери да паузираат, а други да се зафатат со подкастинг, работа во традиционални медиуми и слично.
Влегувањето на професионални продукции значи олеснување на целиот процес на работа на креаторите и секојдневните обврски што ги имаат. Од друга страна тоа може да биде и долгорочен проблем за нив.
„Ризикот е што додека се приближува кон ТВ и филмови, Јутјуб почнува се повеќе да наликува на медиумите кои се обидува да ги замени - и пред камера и зад неа. Некогаш блиските креатори со кои можеш да се идентификуваш почнуваат да стануваат се подалечни од гледачите кои им донесоа успех,“ пишува Крис Стокел-Вокер во Верџ.