4-та година по ред ИКЕА објавува детален извештај за глобалните навики на светската популација, како таа живее и се однесува во однос на својот дом, и ова опфаќа сè од утринска рутина (миење лице, заби...), храна, кујна, и домашни расправии. Во анкетата за 2018 за прв пат во равенката е вклучено и како тие се справуваат со самотијата и влијанието од животот во градовите.
Пред две години, компанијата за прв пат ги прашува илјадниците испитаници каде „најмногу се чувствуваат како дома“. Во тоа време 20% изјавиле дека тоа не е објектот во кој живеат. Две години подоцна, овој просек, кај испитаниците од градовите, е повисок за 15%, што значи дека 35% од луѓето што живеат во град не се чувствуваат како дома во својот стан или куќа.
Анкетата вади и две конкурентни верзии на “дома.“ Според едната, испитаниците тоа чувство го имаат вон конвенционален простор за живот, односно во парк или училиште. Плус, речиси една четвртина од луѓето кои живеат со други, многу попријатно се чувствуваат надвор од својот дом. Од друга страна голем број луѓе пријавуваат нелагодност во однос на својот животен простор: 53% од младите семејства немаат чувство на припадност во својот дом.
Во однос на Американците од воведот, автомобилот како место за приватност (45%) е надминат само од спалната соба и купатилото кои за 72 односно 55 проценти од испитаниците се храм на приватноста во кој може да имаат момент на само.