Кина веќе 5 година како е во отворена војна со загадувањето кое се таложеше и продолжува да се создава од неверојатниот децениски економски напредок. Со таква намераченост тие лани успеваат да ги намалат ПМ2.5 честичките во 338 градови во просек за 9,3%.
Меѓутоа во една од клучните области, која го опфаќа и Пекинг, концентрацијата на овие честички бележи раст, и годината ја завршува на ниво 2 пати повисоко од дозволеното.
Ова доведе до критики дека локалните власти „замижуваат“ пред загадувачите, а зад ваквиот став застанаа и високи функционери на министерството за екологија, според кои „не е возможно локалните функционери да избегнат казна користејќи ги лошите временски услови како изговор за загадувањето“. Од таму дополнуваат дека ниту економската состојба не може да биде оправдание.
„Оние кои нема да ги постигнат зацртаните таргети, јавно ќе одговараат, а локалните власти се задолжени да изнесат детални мерки за казнување,“ изјавува раководителот на одделот за борба против загадување на воздухот во кинеското министерство за екологија, Лиу Бингџианг.
За годинава Кина има закажано и воведување уште построги стандарди за загадувањето од железарите низ целата држава, и засилена борба против потрошувачката на јаглен на северот на земјата.
Од министерството потсетуваат дека пресметале дека временските услови се одговорни за една третина од подобрувањето на квалитетот на воздухот, и дека тоа им е земено предвид кога ќе ги прават евалуациите за резултатите на локалните власти во борбата со загадувањето.