Групата научници во која има 15 нобеловци, укажува на тоа дека глобалното затоплување, заканата од нуклеарна војна и манипулацијата со фактите се главните фактори кои ја носат оваа планета „најблиску што некогаш била до апокалипса“.
„Иако се непроменети од 2018-та година, стрелките не треба да се толкуваат како знак на стабилност туку како брутална опомена за лидерите и жителите на овој свет. Човештвото се соочува со две истовремени егзистенцијални закани, од кои секоја посебно би била доволна за екстремна загриженост и итна реакција. Згора на тоа, овие главни закани во минатата година беа зголемени од трета - пропагандата и војната со информации кои ја носат цивилизацијата на многу опасни позиции“, велат во своето соопштение Bulletin of the Atomic Scientists.
Организацијата е од 1945 година а Часовникот на апокалипсата“ постои од 1947 година кога почнувал со седум минути до полноќ. Оттогаш, времето на него се има поместувано 20 пати.