Најновиот алгоритам на компанијата убедливо победил професионални играчи на Старкрафт 2, мрежна стратегија во реално време во која се гради инфраструктура и се освојуваат територии во пресметка со други играчи.
Алгоритмот АлфаСтар издејствувал 10 победи и имал само еден пораз против TLO и MaNa, двајца играчи од врвот на професионалците кои плескаат Старкрафт.
Софтверот чија архитектура е правена по урнек на човечката невролошка мрежа, прво гледа илјадници игри, потоа почнува сам да се пробува против себе и учи од своите грешки а притоа не му се дава цел увид во играта за да нема нефер предност пред човечките противници.
Тоа е една од занимливостите кај оваа победа: не само што Старкрафт е комплексна игра (повеќе од Спејс Инвадерс и 50-тина аркадни игрици кои одамна ги плескаше) туку е и тн. игра со „нецелосни информации“: на играчот не му е јасно што прават противниците и не постои стратегија која задолжително носи успех.
Оттука, АлфаСтар морал да развие нови форми на интелигенција за да ја усоврши играта, техники за кои луѓето се надеваат дека можат да се покажат корисни во многу практични ситуации, од трговски преговори па до воено планирање.
Претходно, супер-компјутерот на Гугл успеа да го совлада и надмине знаењето и искуството во една игра кое човештвото го кумулираше цели 3.000 години. И за тоа му беа потребни само 40 дена.