Вести

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Речник

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Студија на Европските зелени откри „вечни хемикалии“ (PFAS) и нивни разградни продукти (TFA) во крвта на сите 110 тестирани волонтери од 9 држави. Притоа Хрватска отскокнува со алармантни 60% од испитаниците со зголемени вредности. Овие соединенија доаѓаат преку пестицидите и водата и влијаат на тироидната жлезда, имунитетот, плодноста и развојот на рана возраст. 

Распуштање на британскиот парламент, еден ден подоцна

Благодарејќи на една прастара опција во британските закони, на барање на премиерот Џонсон британската кралицата Елизабета Втора го распушти парламентот. Луѓе сега имаат проблем што човек избран од нула луѓе (кралицата), отпушти луѓе кои ги имаат сите гласови на британските гласачи (парламентарците).

Повеќе пожари горат во Ангола и Конго, отколку во Амазон

Тоа што Болсонаро е кабает околу пазењето на Амазонската шума беше широкоградо дочекано од секој што има проблем со него и со неговата политика, па сега човекот е еден од најголемите негативци на Западот. Тоа не значи дека целата приказна околу Амазон и пожарите е точна (или искрена), а ни па сликите што ги споделувате.

Трамп, лаги и кој каква жена има

Да почнеме со златокосиот: Трамп ја избегна дебатата за климатските промени на Г7 со најглупото можно алиби. А околу жените се зарчкаа Болсонаро и Макрон, поточно овој првиот.

400 години од носењето на првиот црнечки роб од Африка во САД

Првата пратка африкански робови пристигнуваат пред 400 години во Поинт Комфорт во тогаш се уште англиската колонија Вирџинија, каде на колонизаторите им се продавани за храна.

Апу не го даваме

Симпсонови по сето ругање што му го приредија на секој слој на американското општество, на крај во големото културолошко освестување на земјата (кенкање уздуж и попреко) заглавија на ликот на Апу, затоа што еден американски комичар со индиско потекло се чувствуваше навреден што белец го позајмува гласот на индискиот лик.

За новата класа слуги

Сè побогати луѓе живеат во сè поскапи градови и сета таа каста треба некој да ја вози, да ја масира, да ѝ средува нокти. Може и пофенси да се наречат но во принцип се работи за измеќари.  И ако некогашните измеќари (од Македонски народни приказни), или пак куќни помошнички („Позориште у куќи“) сепак беа некаков дел од семејниот круг, овие новиве никој не ги занима како луѓе бидејќи се набавуваат преку апликации.

Кој го пушти во парламентот?

Би Би Си пренесува за еден скандал кој се случил во кениски парламент поради кој морало да биде прекината актуелна дебата на законодавците. Некој од нив пуштил јак, подмолен издув. Скандал кој веројатно нема шанси да се случи кај нас; навикнати се тие на смрад. 

10.000 часа до совршенство, ама веројатно не

Логиката беше дека треба да минеш 10.000 часа вежбајќи и правејќи една работа, за да станеш совршен во неа. Имајќи предвид дека стандардна работна недела има 40 часа и поддршката од луѓе кои личат како да знаат што зборуваат ова изгледаше како да е логично, ама не е.

За Стен Ли сè најдобро, за пиар

Човекот почина минатата година во ноември, за неполна година подоцна ќерка му да излезе со изјава “никој не можеше да го третира татко ми полошо од директорите на Марвел и Дизни“.

Планетата те моли, не ја спасувај ја боли

Британскиот престолонаследник принцот Вилијам решава да лета како обичен смртник со регуларен нискобуџетен лет за да даде пример во борбата против загадувањето и да се ребрендира во еколошки освестен владетел. Искрено не по негова вина, не смени ништо посебно.

Бразилски фармери веруваат дека имаат право да палат

„Оние луѓе кои живеат во големите градови како Рио или Сао Паоло мислат дека ние треба да живееме од трошките кои ни ги фрлаат. Таквиот живот ничие наше дете нема да однесе на факултет,“ вели селанец од избирачката база на Болсонаро, оние кои едвај чекаа некој од горе да намигне за да ги забревтаат багерите по Амазонија.

Две патнички класи, убер алес

Лидер на германска левичарска партија предложи да се укине првата класа во возовите која и онака е главно празна додека остатокот од возот е преполн. Ќе го задавеа.

По малку сме Неандерталци, знаете?

Во човечкиот ДНК софтвер има мал но битен дел од неандерталското наследство. Околу 2% од гените на Европјани потекнуваат од таа линија и тоа влијае на многу работи: од нивото на холестерол па до навиките за спиење.

Со булдожер му го срушиле ресторанот на оној лудак од Албанија

Албанските власти со булдожер ги израмнија сметките со сопственикот на ресторанот кој му нанесе невиден резил на албанскиот туризам откако сите ја видоа снимката како качен на хауба пробува да упадне во кола на негови гости од Шпанија додека овие панично се надеваат дека ќе наидат на полиција. Да беше кај нас, сопственикот ќе можеше да се жали „Ме рушите затоа што сум Албанец.“

Детски песни како репелент за клошари

Бездомници удриле мерак на едно плоштадче во Флорида на кое се прославуваат свадби и други граѓански настани. После неколку безуспешни обиди да ги дислоцираат од просторт кој им носи приходи, локалните власти почнале од звучници да им пуштаат две детски песнички. На рипит. „Неиздржливи се,“ кука еден клошар. 

Планета или смрт

Нималку не е лесно и наивно да се застане на браникот на родната планета и да се бори за нејзино преживување бидејќи на тој браник може да се положи и својот живот. За таа кауза, секоја година гинат стотици комити. 

Три причини зошто обавезно да земеш одмор, и тоа неколку кратки

Одморот како опција треба да стане обврска што треба да се исполнува на дневно, недело и годишно ниво. И на ниту едно од овие нивоа не треба да се избегнува.

Борис Џонсон и магичните предлози за брегзит

Во сите кампањи што последниве две-три години ги водеше Борис Џонсон проникнуваше по некоја излудена идеја којa никој не веруваше, а тој ветуваше, дека ќе може да ја истера. Сега веќе не е во кампања, ама идеите му се исти како да е.

Колку сакаш твојот град да не постои од 0 до 1 милион евра

Слично како што кај нас никој не верува дека воопшто постојат Демир Хисар, Пехчево, Македонски Брод, Пробиштип и слично, во Германија никој не верува дека градот Билефелд вистински постои. Сега Билефелд сака уште повеќе да не постои.

Генерал електрикс е 38 милијарди долари тешка афера што чека да пукне

Хари Маркополос е прилично кошмарен лик за добар дел од американскиот финансиски свет, не затоа што направил нешто, туку затоа што кажал нешто. Иако нема навика многу да зборува, во последно време почна да го споменува Генерал електрикс.

Патот до неуспехот е поплочен со фотоволтаици

Франција постави фотоволтаици на еден пат во Нормандија, но после неколку години, експериментот е прогласен за пропаднат. Луѓе и натаму ќе бараат слични решенија само треба да бидат свесни дека ги очекува пат полн со дупки. 

Хуавеи трга во војна

Во меморандум испратен до вработените, првиот човек на Хуавеи, Рен Женгфеи, порачува дека компанијата треба да биде се издигне на ниво за војна, за да се справи со блокадите од САД.

Разведени мажи: Каде грешев во бракот

Дузина несреќно разведени мажи говорат за тоа каде погрешиле во бракот и што требале да направат поинаку. Колку да се знае, статистиката вели дека од четири разведени мажи, само еден се смета себе си за несреќно разведен.

Под Лас Вегас најдоа порно ѕвезда

Екипа што снима документарец за системот тунели под Лас Вегас, во своето талкање по ходниците меѓу бездомната популација ја открива Џени Ли, се уште високо рангирана порно ѕвезда за која сите до сега мислеа дека се има повлечено и живее комотен живот некаде низ САД.