Изјавата на Џоан Ли се однесува на обновувањето на спорот меѓу Дизни и Сони, околу Спајдермен. Сони пред 20 години ги купи правата на Спајдермен, Дизни пред неколку години го купи Марвел. Првите немаа право да бидат дел од Марвел филмскиот универзум, вторите немаа право да го користат Спајдермен во Марвел филмскиот универзум, иако во стриповите ликот припаѓа таму.
Сето ова се решава во 2015, со договор меѓу Дизни и Сони. Пред некој ден договорот се распаѓа, и Сони го повлекува Спајдермен од сите идни филмски проекти на Марвел.
Стандардно како за раскинување, обвинувања фршатат од двете страни, меѓутоа неочекувано во целата работа се приклучи и ќерката на Стен Ли, кој инаку е автор на Спајдермен. Нејзиниот аргумент е дека Марвел и Дизни мора да бидат контролирани во нивниот обид за целосна контрола врз делото на Ли.
„Без разлика дали е Сони или некој друг, постојаната еволуција на ликовите на Стен и неговото наследство заслужуваат повеќе различни гледишта,“ порачува Џоан.
Таа има и лична забелешка за однесувањето на Марвел и Дизни. (Стен Ли е еден од клучните луѓе за подемот на Марвел комикс, а Дизни го купи Марвел во 2009-та за 4 милијарди долари.)
„Кога татко ми почина, никој од Марвел или Дизни не ме контактираше. Од прв ден тие го претворија делото на татко ми во производ и никогаш не покажаа за него или неговото наследство каков било почит или пристојност. На крајот, никој го нема полошо третирано татко ми отколку директорите на Марвел и Дизни,“ изјавува Џоан.