Под Лас Вегас најдоа порно ѕвезда

Екипа што снима документарец за системот тунели под Лас Вегас, во своето талкање по ходниците меѓу бездомната популација ја открива Џени Ли, се уште високо рангирана порно ѕвезда за која сите до сега мислеа дека се има повлечено и живее комотен живот некаде низ САД.

Џени Ли на Порнхаб е рангирана како 113-та порно ѕвезда по популарност, со над 230 клипови на сајтот и над 45.000 луѓе кои ја следат таму. Како што е случај со над 90% од порно ѕвездите ништо од оваа слава се нема преточено пари. (Пред некое време Миа Калифа, второ рангирана на Порнхаб, објави дека за сите порничи што постојат од нејзе на интернет до сега вкупно има заработено само 12.000 долари).

Освен што живее како бездомник, Џени Ли, според неколку очигледни маркери (распаднати заби, физичка состојба и сл.) најверојатно е сериозно заглавена со метамфетамини.

Во разговорот со филмската екипа, таа објаснува дека била „премногу успешна порно ѕвезда“. Во однос на сегашниот живот, Џени вели: „не е така тешко како што би помислил, сите (од заедницата) навистина се почитуваат. Сите се добри еден со друг, што мислам дека не можеш често да го најдеш. Среќна сум, сè што ми треба имам тука.“

Таа изјавува дека и кога би можела не би го напуштила тунелот.

Се работи за лавиринт од тунели со вкупна должина од 320 километри изграден како систем за одлевање на водата во случај на обемни дождови, кој повеќе децении се користи како засолниште за бездомниците од градот.

 

21 август 2019 - 11:13