Речиси три години откако поплочија еден километар пат со фотоволтаици, Французите сфатија дека се наоѓаат во ќорсокак.
Во 2016 година, државата амбициозно најави дека ќе поплочи илјада километри патишта со фотоволтаици од кои се очекуваше да бидат генерирани 790kWh дневно. Кога проектот ќе беше завршен, требаше да се добива струја за 5 милиони домови.
Но, пробниот километар кој го поставија во Нормандија покажа разочарувачки резултати. Околу 3.000 квадратни метри фотоволтаици биле оштетени, излупени или испукани, добар дел од тоа непоправливо. Штетата ја нанела и природата (мов и молњи) и тежината на камионите кои минуваат по тој пат. Згора на се, патот генерирал многу помалку струја отколку тие фотоволтаици да биле поставени под оптималниот агол.
Сличен проект пропадна и во Америка а во Кина локалци имаат украдено добар дел од тамошниот експериментален соларен пат.