Ставот се базира на студија од 1993, во која се следат виолинисти од музичка школа. Заклучокот е дека најдобри, експерти, меѓу испитаниците се оние кои најмногу вежбаат, односно дека намерното вежбање е најважното нешто потребно да се постигне елитен статус.
На ова се надоврза и Малком Гладвел, според кого 10.000 часови е магичниот број за постигнување величественост.
По 26 години реплицирањето на студијата (со поголем број учесници и повисока контрола) покажува дека иако вежбањето е важно за настапот, тоа не ни приближно важно како што се тврди во првичната студија.
„Всушност најголемиот дел од најдобрите виолинисти акумулирале помалку вежбање отколку што е просекот на добрите виолинисти,“ пишуваат авторите на студијата.
Како што објаснува авторот на текстот на Вокс, „да, вежбањето е важно, ама во исто време тоа нема да помогне да се надмине јазот меѓу природните суперѕвезди и твојот просечен играч“.
Правило за 10.000 часа претходно беше осудено затоа што со себе носи една самопоразувачка порака: дека ако не успееме да постигне перфекција, тоа е само наша лична грешка.
„Правилото за 10.000 часа ја врти изнемоштувачката идеја дека сите ние можеме, па затоа и треба, да бидеме исклучителни во секое поле во кое ќе посакаме.
Правилото за 10.000 часа е доста привлечно во свет кој се држи до идејата дека луѓето можат да напредуваат во општеството врз основа на своите способности. А и тоа е мит кој вреди да биде разбиен,“ пишува Брајан Ресник.