Потегот на Вилијам следува по критиките за брат му и снаата дека во рок од 11 дена 4 пати летале со приватен авион. За колку толку да ги исправи работите, тој и неговото семејство, на роденденот на баба му (кој се одржува на серверот од Шкотска) одат со стандарден лет на авиокомпанијата Флајбе.
Бидејќи ова е пиар шанса што никоја компанија не би ја пропуштила, наместо редовниот авион што треба да лета од аеродромот во Норфолк, Флајбе таму на вонреден лет испраќа сосема друг авион брендиран со логото на компанијата. Бидејќи е вонреден лет, авионот лета празен без ниту еден патник.
Освен што за летот е испратен празен авион, празен се враќа и авионот кој инаку требало да лета од Норфолк.
Математиката е дека двата празни лета создале околу 4,5 тони јаглероддвооксид.
Дејли меил, кој ја објавува веста, нагласува дека Вилијам и Кејт не ја побарале замената на авионот, а единствен посебен третман што побарале е да влезат последни, што и се случило.