Најновата замисла што Џонсон ја има за решавање на проблемот со ирската граница е крајно едноставна, и се што треба е Ирска да ја напушти трговската унија што ја има со ЕУ и да и' се приклучи на Британија по брегзит.
Ирска ова треба да го направи доброволно за Британија да може да го потпише договорот за брегзит со Брисел. Во најоптималната верзија на настаните, британските функционери би сакале оваа идеја на Ирска официјално да и’ биде предложена од ЕУ, а не од нив, бидејќи така би била поприфатлива.
Од ирска страна отфрлаат каква било веројатност дека државата би влегла во сојуз со Британија, и порачуваат дека вакви идеи се губење време а последицата од тоа е што излегувањето од ЕУ без договор ќе биде поверојатно.
Инаку ова е едно од „креативните решенија“ за проблемот со границата со Ирска, кои Џонсон постојано ги споменуваше во своите обиди да стане премиер на Британија.