Албанските власти со булдожер го срамниле со земја ресторанот на плажа на оној лудак кој качен на хауба испотрауматизира шпански туристи рачно дерејќи им ја шофершајбната додека теа избезумено се возат во колата (види: Зомби туризам во Албанија)
Ресторанот се наоѓа на самата плажа во местото Порто Палермо на Јонското море а будлдожерите се обид да се менаџира глобалниот резил за албанскиот туризам кој нашите соседи го доживеаја откако видеото на Шпанците стана вирално.
Лудакот има 51 година, се вика Михал Кокедима. Уапсен е и чека судење за „вербално навредување на групата поради непотребни причини, оштетувања на колата и полесни повреди,“ како што пренесува Франс24. Кокедима тврди дека праведно се изнервирал бидејќи овие не сакале да ја платат сметката.
Како што е ред во земја од овој регион, дури после скандалот властите се сетиле да го проверат неговиот ресторан „Панорма“ и утврдиле дека е дивоградба и дека три години нема платено никаков данок. И онда булдожер.
Ај уште еднаш:
Туристите ги прими и им се извини албанскиот минстер за туризам а премиерот Еди Рама замоли за гостопримливоста на луѓето од Албанија да не се суди по однесувањето на еден варвар.