Повеќе пожари горат во Ангола и Конго, отколку во Амазон

Тоа што Болсонаро е кабает околу пазењето на Амазонската шума беше широкоградо дочекано од секој што има проблем со него и со неговата политика, па сега човекот е еден од најголемите негативци на Западот. Тоа не значи дека целата приказна околу Амазон и пожарите е точна (или искрена), а ни па сликите што ги споделувате.

Во Амазон огромни пространства се зафатени од пожари кои во добар дел не се случајно започнати. Во гасењето, со влечење, се вклучи и бразилската војска, ама битката допрва треба да се добие.

Меѓутоа бројките, последен пат сумирани пред некој ден, покажуваат дека Ангола со 6.902 пожари и Конго со 3.395 пожари, се далеку позагрозени отколку 2.127-те пожари кои горат во Бразил. Прегледување на сателитските снимки од НАСА покажа дека во јуни минатата година, во период од една недела, на планетава гореле над 67.000 пожари.

Меѓутоа Амазон е „белите дробови на планетата“ па е јасно што народ повеќе е возбуден околу тамошниот пожар. Е, излезе дека и ова не е точно, па дополнителната забелешка околу лелеците за Амазон доаѓа од еден од водечките експерти за Амазонската шума, Ден Непстад, кој ја исмејува етикетата „белите дробови на планетата“. Според Непстад ова е „срање“.

„Нема наука што го поддржува ова тврдење. Точно дека Амазон произведува многу кислород меѓутоа тој ја искористува истата количина на кислород, што значи е на исто,“ објаснува Непстад.

Стравот дека по пожарите некогашните шумски пространства ќе бидат заменети со савана која нема да произведува и складира исто кислород, Непстад го смирува со објаснување „Точно дека Амазон произведува многу кислород, ама исто така произведуваат и нивите со соја и пасиштата за стока“.

Откако маката на локалците од Амазон стана тренд на социјалните медиуми, секој што стигна шеруваше слики (и молитви) за побрзо гаснење на тамошните пожари. А како во секоја таква масовка не е важно што се шерува, важно е да се шерува, па сега ја имаме следната ситуација околу фотките од пожарите:

- Леонардо Дикаприо и Макрон споделија 20 години стара фотографија:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio) on

 


- Новак Ѓоковиќ и Мадона споделија 30 години стара фотка:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Madonna (@madonna) on

 

- Роналдо сподели фотка од јужен Бразил од 2013:

               

Вие веројатно не сте ништо подобри.

27 август 2019 - 15:28