Секому одвреме-навреме може да му попушти ѕиваната но ретки се оние заради кои морало да се прекине парламентарна седница.
Член на кениско регионално собрание пуштил толку агресивен издув што целото собрание било принудено да се разбега од местото на злосторот, односно од салата. Био-хемискиот удар се случил веднаш по паузата за ручек по што некој од нив пуштил гулаб од кој печат очи па набргу се развила кавга кој е носител на таа грозоморна мирисна нота.
Член на асамблеата директно со прст посочил на осомничен колега од својата близина но овој се колнел дека никогаш не би сторил такво нешто пред ценетите колеги. Кога локалниот чернобилски облак дошол и до спикерот, овој веднаш ја прекинал седницата, повикал на евакуација и ги замолил колегите да се вратат со какви било освежувачи на воздух, „без разлика дали се со мирис на ванила или на јагода.“
После 15 минутна пауза, вооружени со дезодоранси, парламентарците ја продолжиле дебатата, иако веројатно уште долго ќе се гледаат сомничаво едни со други.