
Маркополос неодамна објавува извештај од 170 страници во кои тврди дека ГЕ е поголема измама од Енрон и Ворлдком заедно. Според Маркополос во сметките на конгломератот (компанијата има над 280 илјади вработени) се крие измама од 38 милијарди долари, што е еднакво на 40% од нејзината вредност.
Ваквиот минус се должи на неточно наведени долгови во бизнисот со осигурување, погрешно наведена сума на готовина со која располага и неправилно сметководство во компанијата за сервиси за нафтени полиња Бејкер Хјуџ, во која имаат удел.
Пораката на Маркополос е „мислам дека ти се банкрот што чека да се случи“.
Што па Маркополос е толку битен? Тој е човекот кој алармираше за пирамидалната шема на Берни Мадоф пред кој било воопшто да посомнева во него.