Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

ЕУ разочарана и поделена по тарифите од 30%

13 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европската Унија и Мексико изразија разочарување за тарифите од 30% со кои им се закани Доналд Трамп, предупредија дека ќе возвратат, но изразија и спремност да преговараат со САД до 1 август, кога треба да стапат на сила.
  • Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лејен се закани со „пропорционални контрамерки“, иако Трамп веднаш предупреди дека уште повеќе ќе ги крене царините ако партнерите тргнат во трговска војна. Францускиот претседател Макрон поддржа „кредибилни контрамерки“, но италијанската премиерка Џорџа Мелони верува дека може да се постигне фер договор за да не почне трговска војна преку Атлантикот. И мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум е оптимистка дека ќе биде постигнат трговски договор со САД пред 1 август.
  • „Имавме години да дискутираме за трговските односи со Европската Унија и заклучивме дека мораме да завршиме со овие долготрајни, големи и постојани трговски дефицити, засилени од вашите тарифи, нетарифни мерки, политики и трговски бариери. Нашите односи, за жал, беа далеку од реципрочни“, предупреди Трамп во писмото до ЕУ.
  • На 2 април Трамп објави царина од 20% за увоз на производи од ЕУ. Кога преговорите со ЕУ заглавија, тој се закани со тарифи од 50%. До крајниот рок на 9 јули не беше постигнат трговски договор. Во 2024 година САД имаа дефицит од 235,6 милијарди долари во трговската размена со ЕУ.
  • За домашната јавност Трамп изјави дека „некои земји сега се многу возменирени“, но инсистира дека тарифите ќе долеат стотици милијарди долари во буџетот на САД.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
5

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
6

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

8

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Избегнувајте го друштвото на тривијалните луѓе

Балканци - исти луѓе со слични различности

Кога најдобриот пријател те потсетува дека сам си си го учукал

Човекот кој можеше да ги отпее сите таги на светот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy