Вести

Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез

Социјалистичкиот премиер на Шпанија заслужи глобални аплаузи кога му одеше контра на Трамп и ја осуди војната со Иран. Но, дома му избега тлото под нозете. Во нокдаун го однесоа корупциски скандали на негови најблиски луѓе (жена му, брат му...) а ги запрепасти Шпанците кога легализираше половина милион илегалци. Подоцна десантот врз шпанската енклава Сеута покажа дека погрешно е да се романтизира таа тема. 

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Речник

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Не, вирусот не е протечен од лабораторија

Иако цело време тлееше, теоријата дека ковид-19 (сакајќи или не сакајќи) е излезен од лабораторија доби сериозна тежина откако стана една од алатките за поткусурување меѓу администрацијата на Трамп и Кина. Американски научници што немаат што да поткусуруваат се на сосема спротивната страна од оваа теорија.

Да си кажеме право: Не е сè во кривата

Ублажувањето на кривата има смисла како купување време и избегнување на колапс на здравствениот систем. Но, само по себе, купеното време не значи ништо и не спасува животи. Ако популацијата во голема мерка не биде имунизирана на коронавирусот, или природно или со вакцина, кога и да се дигне карантинот, заразата ќе се врати на својата вродена стапка на ширење и ќе се случи ама баш истото како да немало мерки. Ако не и полошо. 

Баер ќе го донира целиот хлорокин ако се покаже дека лекот е ефикасен против ковид-19

За сега постојат само „анегдотални докази“ од Кина дека хлорокин помага во олеснување на последиците од вирусот, но ако клинички се потврди дека тој е успешен во третирање на коронавирусот ЦЕО-то на Баер вети дека компанијата ќе го донира целото свое производство од лекот.

Белгискиот компир се сака со репете

Од Белгијците е побарано да јадат плус една порција помфрит неделно за време на коронавирусот, не за да ја спасат нацијата од вирусот, туку за да го спасат компирот од вирусот.

Заради короната, деца не се вакцинираат

Во страв да не се заразат по болници, родители не ги носат децата ни на редовни прегледи ни на редовни вакцинации. На тој начин оваа пандемија го сее семето на некои идни здравствени кризи кога ќе е можно да нè сардисаат и посмртоносни болештини.

Кажете драгичка: Вирусот го има на ПМ честички

''Boj se ovna, boj se govna, a kada ću živjeti?'' 
Меша Селимовиќ

Крвта на ковид-19 пациентите станува погуста

Згуснатата крв можеби ја објаснува неефикасноста на респираторите во кои толку се надевавме. Со нив пушташ воздух да циркулира низ белите дробови но бадијала е тоа ако не циркулира крвта. 

Кина одби спроведување истрага за потеклото на коронавирусот

Ставот на Кина е дека независна меѓународна истрага за потеклото на вирусот што го блокираше светот е непотребна и не доаѓа предвид.

Рајанер ќе престане летање ако се забрани користење на средното седиште во авионите

Една од предложените мерки за социјално дистанцирање е отстранување на средното седиште од авионите во колоните каде што има три во ред. Доколку се направи ова, математиката на Рајанер станува невозможна.

Американците треба прво да го преживеат Трамп, па да му ја мислат за коронавирусот

Доналд Трамп, бизнисмен по образование и професија, со моментален ангажман како претседател на САД, најлаички запраша дали може луѓето да се вшприцува со средство за дезинфекција како лек од коронавирус, и сега на цел здравствен систем и експерти околу него треба да им паднат пломби од објаснување дека човек не треба да се вшприцува со средство за дезинфекција.

Има ли живот после респираторот?

Сооченоста со смртта, хемијата на анестезиите, неприродноста на дишењето преку апарат поради што некои пациенти мораат да бидат врзувани за да не ги откорнат цревата од себе... сето тоа може да остави трајни последици во мозокот, од пост трауматски стрес синдром до когнитивно марушување и деменција.

Кој не сака со добро, ќе сака со булдожер

Властите на Калифорнија затворија еден популарен скејт-парк со истурање на 37 тони песок, затоа што сите претходни разумни обиди за негово затворање не успеаа.

Калифорнија опколена со преполни нафтени танкери кои немаат каде да истоварат

Танкерите кои моментално дремат околу брегот на Калифорнија носат доволно нафта за да покријат 20% од светската потрошувачка.

Американските милијардери се побогати за 280 милијарди долари од почетокот на коронавирусот

Дури и кога по неколку милиони Американци неделно завршуваат на Завод за вработување, нето вредноста на најбогатите Американци упорно и незапирливо расте, па за сега богатството им е на 10% плус во споредба со почетокот на март.

Никако не почнувајте со пушење, ама можно е тутунот да спречува ковид-19

Во досега невиден здравствен пресврт, медицинска студија, која во повеќе наврати ги нагласува сериозните здравствени последици од пушењето, открива дека во тутунот има некоја супстанца која може да го намалува ризикот од заразување со коронавирус.

Милано ќе излезе од карантин со помалку улици и повеќе велосипедски патеки

Додека жителите на градот и понатаму се на задолжително седење дома, Милано планира да претвори над 35 километри улици во велосипедски и пешачки патеки.

Британски болници: Сите ако носат маски, ќе има ли за нас?

Управите на најголемите британски болници изразија загриженост дека евентуална владина препорака за општо носење маски ќе го поремети ланецот на набавки и дека без маски ќе останат оние на кои најмногу им требаат. СЗО проценуваше дека општото носење маски може да доведе до чувство на лажна сигурност па луѓето да се опуштат.

Кининот е за во Швепс

Науката ја дочека пандемијава неспремна како што ЈНА што го дочека распадот на СФРЈ. Таман глобално се рашири надежта околу комбинацијата анти-маларик со антибиотик, стигнува студија дека кај пациенти третирани со тоа комбо, смртноста е поголема отколку кај оние без таа терапија.

Ако здравјето ви е поважно од слободата, најдобро е веќе никогаш да не излезете од дома

Хрватскиот писател не може да се изначуди со каква леснотија слободарите од Запад и демократските општества почнаа да се одушевуваат од ефикасноста со која тоталитарните држави се справуваат со епидемијата. Па потсетува: дечки, тоталитарните држави во сè се поефикасни. Демократијата има смисла само кога ѝ служи на слободата.

Чесите ќе ја спасуваат хрватската туристичка сезона?

Чешките туристички асоцијации во обид да ги спасат летните аранжмани што ги имаат во Хрватска предложија создавање „корона коридор“ од Чешка до Јадранско море.

Колективната анксиозност им помага на анксиозните

Њујорк Тајмс објавил мислење на „наш Крсте“ во нивната рубрика „писма на читатели“ во кое се зборува за нешто со кое тој професионално се занимава во приватната психијатриска ординација во Њујорк. 

Нешто пукна во врската меѓу Италија и Европа

Откако Борис Џонсон и брегзитерите го поништија внимателно создаваниот мит за перманентноста на ЕУ, еурофилите тврдеа дека Британија е специјален случај, островска нација која никогаш целосно не се посвети на континентот. Многу е подруго кога Италија ќе се сврти против тебе.

Шведска упорно отворена и упорно стабилна

Земјата нема затворено ниту училишта, ниту вежбални, ниту кафулиња или ресторани, но ги има замолено граѓаните да се однесуваат одговорно и да следат правила за социјално дистанцирање. И за сега ништо апокалиптично не се случи во земјата.

Деца со аутизам добија дозвола да излезат и да си играат во италијански парк

Иако светско жариште, иако извор на најтрагичните вести и статистики повеќе од еден месец, Италија им овозможи на деца со аутизам да излезат од дома и да си играат во парк, кој посебно се реорганизираше за нивните потреби.