До уредникот:
Неодамна гледав интервју на BBC со човек кој сфатил дека се чувствува посмирено и позадоволно откако започна пандемијата на коронавирусот. Сведочеше дека анксиозноста и нападите на паника од кои сериозно страдал пред пандемијата, се смириле на чудесен начин.
Такви се случаите и со моите пациенти со анксиозни пореметување кои со години ги третирам. Повеќето од нив, и со умерена и со жестока анксиозност, сега полесно се справуваат со проблемот отколку пред пандемијата.
Пациентите со хронична анксиозност веќе имаат развиено невробиологија од абнормални невротрансмитери и невропатеки, како и психолошки одбрани во смисла на стилови и социјални модификации. Тоа е нешто со кое живеат секојдневно. Акутната анксиозност предизвикана од коронавирусот е ново искуство за луѓето кои имаа среќа да не се справуваат со хроничен страв и катастрофични мисли пред пандемијата.
Ми се чини дека за пациентите со хронична анксиозност, колективното искусување на потенцијално катастрофичните сценарија доведува до тоа нивната сопствена анксиозност да не изгледа толку изолирачка и да создаде парадоксален раат. Тоа е нешто кое оди по следнава линија: „можно е да се случи најлошото сценарио ама види наоколу, и другите се испаничени“ па тоа ги опушта и смирува.
Пациент тоа вака го опиша: „Веќе не морам да му објаснувам на дечкото како изгледа анксиозно пореметување. 'Знаеш како се чувствуваше изминативе недели? Е, мене така ми е цел живот'.“
Крсте Роџевски
авторот е психијатар во приватна пракса
********
* зошто „наш Крсте“