Лекот за маларија кој беше фаворит на Доналд Дамб за третирање на ковид-19, не покажал никаков бенефит во една голема анализа на пациенти во американски болници за ветерани. Повеќе смртни случаи имало кај оние на кои им бил даван хидроксихлорокин отколку кај оние со стандардна медицинска грижа.
Студијата не е од најригорозните но се однесува на 358 пациенти, досега најголем анализиран примерок на луѓе третирани ао анти-маларикот, со или без давање на антибиотикот азитромицин. Студијата е објавена и чека да биде рецензирана од научната заедница а платена е со грантови од Националниот институт за здравје и Универзитетот во Вирџинија.
Околу 28% од оние кои добивале хидоксихлорокин починале, наспроти 11% од оние кои добивале рутинска медицинска нега. Околу 22% починале и од оние кои антималарикот го добивале во комбинација со антибиотикот. Се покажало дека хидроскихлорокинот не покажал влијание ни во појавувањето на потребата за респиратор.
Истражувачите не следеле нус-појави но навестуваат дека тој можеби прави штета кај другите органи. Лекот долго време е познат по неговите потенцијално сериозни несакани последици, вклучувајќи го и менувањето на ритамот на срцето што може да доведе до ненадејна смрт.
На почетокот на месецов, научници во Бразил стопираа студија која вклучувала употреба на хлорокин откако проблеми со срцевиот ритам биле пријавени кај една четвртина од пациентите кои го добивале контроверзниот лек, пишува Асошиетед прес.