Научниците спроведуваат истражување во една од главните болници во Париз и откриваат дека состојка во тутунот веројатно спречува пушачите да се заразат со ковид-19. Уште едно веројатно е дека таа состојка е никотинот.
Она во што истражувачите се сигурни, и го повторуваат без дилеми е дека народ не треба сега да се фати за пушење, затоа што има сериозни ризици поврзани со пушењето, а стапката на смртност од пушење е 50%.
Дополнителен проблем е што иако вирусот можно е да ги заштитува пушачите, оние пушачи кои ќе се заразат од него развиваат далеку посериозни симптоми заради токсичното влијание што тутунот го има врз белите дробови.
Тимот од париската болница „Pitié-Salpêtrière“ анкетирал 480 пациенти позитивни на вирусот, 350 биле хоспитализирани, а останатите од 130 со полесни симптоми биле испратени дома. Од првите само 4,4% биле редовни пушачи, додека од вторите 5,3 биле редовни пушачи.
Станува збор нескладно низок број на пушачи меѓу заразените ако се има предвид дека според бројките на француското здрвство околу 40% од населението на Франција се пушачи.
Едно од објаснувањата за ваквиот исход е дека никотинот го спречува вирусот да стигне до клетките во телото и со тоа го спречува ширењето, плус се претпоставува дека никотинот ја ублажува претераната реакција на имунитетниот систем на телото.
Една претходна кинеска студија објавена во Њу Ингланд журналот за медицина тврди дека само 12,6% од 1.000 луѓе заразени со вирусот биле пушачи, додека бројот на пушачи во Кина е некаде околу 28% од населението.
Студијата и влијанието на никотинот допрва ќе треба да се потврди во клиничка студија во која на учесниците ќе им бидат дадени лепенки со никотин..