Инспирација за ова им дојде откако загадувањето во градот значително се намали како резултат на тоа што сообраќајот е намален за меѓу 30 и 75 проценти, па сега властите се надеваат кога народ пак ќе се врати во нормална состојба луѓето ќе гледаат да го избегнуваат јавниот превоз.
Се проценува дека 55% од 1,4-милионскиот Милано користат јавен превоз за да стигнат на работа. Откажувањето од оваа навика не би требало да е проблем имајќи го предвид кошмарот што моментално го минуваат жителите на градот, како и тоа што од едниот до други крај на Милано нема повеќе од 15 километри.
Работите почнуваат во мај со нова велосипедска патека и проширување на тротоарите, а целиот проект би требало да биде готов до крајот на летото.
Главно ставот на градските власти е дека ова ќе биде неопходно за пресретнување на новата реалност која ќе следува по опуштањето на опсадата од ковид-19 под која се најде Италија.